Изоамил алкохол е безбојна течност со молекулска формула и структирна формула (H3C–)2CH–CH2–CH2–OH. Тој е еден од неколкуте изомери на амил алкохол (пентанол). Исто така е познат како изопентил алкохол, изопентанол или (според номенклатура предложена од IUPAC) 3-метилбутан-1-ол. Неговиот застарен назив е изобутил карбинол.
Изоамил алкохол е состојка при производтсвото на масло од банана, естер пронајден во природата, но исто така индустриски се произведува како арома. Изоамил алкохол е компонента која се користи при производство на масло од банана, естер кој го има во природата, но исто така се индустриски се произведува како арома. Тој е чест фусел алкохол (народно - лош алкохол), кој се произведува како спореден производ при етанолна ферментација. Појава Изоамил алкохол е една од компонентите одговорни за аромата на Tuber melanosporum, црниот тартуф.
Ова соединение е идентивикувано како хемикалија присутна во феромонот кој го лачат стршлените за повикување на другите стшлени за напад.Wilson, Calum & Davies, Noel & Corkrey, Ross & J. Wilson, Annabel & M. Mathews, Alison & C. Westmore, Guy. (2017). Receiver Operating Characteristic curve analysis determines association of individual potato foliage volatiles with onion thrips preference, cultivar and plant age. PLOS ONE. 12. e0181831. 10.1371/journal.pone.0181831.
Изоамил ацетат (кој е естер на изоамил алкохол и оцетна киселина) е компонента која е присутна во природната арома на бананите.
Екстракција од фусел масло
Изоамил алкохол може да се издвои од фусел маслото со две методи: мешање со силно солена вода и раздвојување на масниот слој од водениот слој, а вториот начин е со дестилација и собирање на фракцијата која врие помеѓу 125 и 140 °C. Понатамошно пречистување е возможно со следната продецура: мешање на издвоениот производ со врела варова вода, раздвојување на маслениот слој, сушење на производот со калциум хлорид и дестилација, собирање на фракцијата која врие помеѓу 128 и 132 °C.
Синтеза
Изоамил алкохол може да биде синтетизиран со кондензација на изобутен и формалдехид каде што се добиваат изопренол, а потоа со негово хидрогенирање се добива изоамил алкохол. Тој е безбојна течност со густина од 0.8247 g/cm3 (0 °C), температура на вриење од 131.6 °C, малку растворлив во вода и добро растворлив во органски растворувачи. Има карактеристичен силен мирис и остар лут вкус. Со спроведување на неговите пареи низ усвитено-жешка цевка, се распаѓа на ацетилен, етилен, пропилен и други компоненти. Може да се оксидира со хромна киселина до изовалералдехид и формира кристали на адициони соединенија со калциум хлорид и калај(IV) хлорид.
Употреба Покрај употребата во синтеза на маслото од банана, изоамил алкохол исто така е компонента во Kovac реагенсот, кој се користи во индолниот тест за бактериска дијагностика.
Тој исто така се користи и како средство против пенење во хлороформ изоамил алкохол реагенсот.
Изоамил алкохол се користи во фенол-хлороформ екстракција измешан со хлороформот за понатамошна инхибиција на активноста на рибонуклеазните (РНК-азите) и да спречи растворливост на РНК молекулите со долги поли-А опашки.
Наводи
Категорија:Првични алкохоли Категорија:Алканоли