„Приказни од куќичката на дрво“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Киро Донев. Книгата е објавена од издавачката куќа „Македоника литера“ во 2013 година, а посветена е на двете ќерки на авторот, Бети и Зорка „за сите нивни неисполнети желби и соништа“.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 5. Корицата на книгата ја обликувала Ленче Тосева, автор на илустрациите е Миле Топуз, а два цртежа во книгата се дело на Стојан Исак Бансколиев и на Стојна Донева. Книгата, со димензии од 21 сантиметар и со обем од 188 страници, е испечатена во печатницата „Графо ден“, а нејзиното издавање било финансиски помогнато од Министерството за култура на Македонија. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4614-32-6.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 187.

Содржина Книгата ги содржи следниве раскази:Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013. Приказни со „зачин“ — на мој начин Другарување за почитување Кај што има сила — правдина нема Јазо и светулките Кравата Шара Што ли бара Буба Мара Другарување — за почитување Желба Децата не знаат да лажат Борец со илјада копја Некој сака, еве вака... Баба во градинка Некој сака — еве, вака... Блаже маже Ленка и нејзината сенка Ден и ноќ Пријателство Мачиња — забавачиња Прехранбена задача Живко и Џивко Непослушното ластовиче И цветот му се радува на светот Убавината на планината Бреза и даб Зошто се скараа дедо Ристо и баба Мара Подарок што цвета Што ни носи април Месец за уживанција Што се случува во мај Колку штедиш — толку вредиш Велигден може да дојде Ретка глетка Јуни Колку бил богат јуни Збогувње со летото И мајките грешат Есенска слика Летка на прошетка Доцна есен Верверичката и црвот Зимата се ближи И мајките грешат Декември во гората Зимна екохимна Неканети гости Згода во незгода Пречек И Дедо Мраз греши Новогодишен сон Животински бал Новата година е за сите Разговор за февруари Имате ли вага за мерење лага? Првоаприлски вести Нерешено Првоаприлски маскенбал Среќа во несреќа Чудно чудо Четириножните другарчиња Крава желна за слава Малите ловци Што сони Тони Вљубена „турли-тава“ Палавото кутре Приказни со зачин „зготвени“ на мој начин Девојката кралска папрат Смолар и Крали Марко Габро и самовилите Дојрана и разбојникот Пелистер и Молика Еленот и мостот Попот, Северецот и Југот... Царот и говедарот Самовилите и вљубените Радин мост Мечкин Камен Од една тиква — цела Тиквешија Гонтова Спила Мечкина Дупка Ќерката на рибарот и бегот Преспана и ловецот Мокринските извори Моноспитовскиот Ѓол

Наводи

Категорија:Дела на Киро Донев Категорија:Македонски раскази Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 2013 година Категорија:Изданија на Македоника литера