Договор од Сан Франциско (јапонски: サンフランシスコ講和条約), наречен и Мировен договор со Јапонија ― договор за воспоставување мировни односи меѓу Јапонија и сојузничките сили во Втората светска војна. Сојузниците договорот го потпишале во име на Обединетите нации и со него завршила воената состојба во Јапонија која исто така се согласила да исплати репарации за непријателските дејствија пред и за време на Втората светска војна. На 8 септември 1951 година, во Сан Франциско, Калифорнија, САД,San Francisco Peace Conference договорот го потпишале 49 држави. Италија, Кина и Кореја не биле поканети. Кина не била поканета поради несогласување дали Република Кина или Народна Република Кина би требало да го претставува кинескиот народ. Кореја, исто така, не била поканета поради слично несогласување за тоа дали Јужна Кореја или Северна Кореја го претставуваат корејскиот народ.

Договорот стапил на сила на 28 април 1952 година. Со договорот Јапонија престанала да биде империјална сила, им исплатила надомест на сојузничките држави и поранешните воени затвореници кои настрадале од јапонските воени злосторства за време на Втората светска војна, се ставил крај на повоена окупација на Јапонија од страна на сојузниците и на Јапонија ѝ бил вратен целосниот суверенитет. Договорот во голема мера се потпирал на Повелбата на Обединетите нацииPreamble and Article 5 и Универзалната декларација за човекови права.Preamble Според член 11, Јапонија ги прифаќа изречените пресуди од Меѓународниот воен трибунал за Далечниот Исток и од другите судови за воени злосторства, без разлика дали се изречени во или надвор од Јапонија.Treaty of Peace with Japan (with two declarations). Signed at San Francisco, on 8 September 1951

Присуство

Присутни Аргентина, Австралија, Белгија, Боливија, Бразил, Камбоџа, Канада, Цејлон (денес Шри Ланка ), Чиле, Колумбија, Костарика, Куба, Чехословачка, Доминиканска Република, Еквадор, Египет, Ел Салвадор, Франција, Грција, Етиопија, Хаити, Хондурас, Индија, Индонезија, Иран, Ирак, Јапонија, Лаос, Либан, Либерија, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Саудиска Арабија , Филипини, Јужна Африка, Јужен Виетнам, Советскиот Сојуз, Сирија, Турција, Обединетото Кралство, САД, Уругвај и Венецуела присуствувале на конференцијата.

Отсутни Кина не била поканета поради несогласувањето меѓу САД и Велика Британија за тоа дали основаната, но поразена Република Кина (во Тајван) или новоформираната Народна Република Кина (во континентална Кина) го претставува кинескиот народ. Соединетите Американски Држави ја признаа владата на Република Кина, а Велика Британија во 1950 година ја признала НР Кина.

Бурма, Индија и Југославија биле поканети, но не учествувале;Social Studies: History for Middle School. 7–2. Japan's Path and World Events p.2, Teikoku Shoin Индија сметала дека одредени одредби од договорот претставуваат ограничување на јапонскиот суверенитет и независност. Индија и Јапонија, на 9 јуни 1952 година потпишале посебен мировен договор, Договор за мир помеѓу Јапонија и Индија. Италија не била поканета, и покрај тоа што нејзината влада формално ѝ објавила војна на Јапонија на 14 јули 1945 година, неколку недели пред самиот крај на војната. Не била поканета ни Португалија, која што и покрај тоа што биланеутрална држава за време на војната, нејзината територија во Источен Тимор била нападната од Јапонија. Пакистан, кој не постоел како држава за време на војната, бил поканет затоа што се сметал за држава наследничка на Британска Индија.

Потписници и ратификација Од 51 држава кои учествувале на конференцијата, 48 држави го потпишале договорот;Peace Treaties after World War II: Peace treaty signed in San Francisco, September 8, 1951. The History Channel Чехословачка, Полска и Советскиот Сојуз одбиле да го сторат тоа.Foreign Office Files for Japan and the Far East 1951: September, Adam Matthew Publications

Филипини го ратификувале Договорот од Сан Франциско на 16 јули 1956 година, по потпишувањето на договорот за репарации меѓу двете земји во мај истата година.Indai Lourdes Sajor, "Military Sexual Slavery: Crimes against humanity", in Gurcharan Singh Bhatia (ed), Peace, justice and freedom: human rights challenges for the new millennium Alberta University Press, 2000, p.177 Индонезија не го ратификувала мировниот договор од Сан Франциско, и на 20 јануари 1958 година со Јапонија потпишала мировен договор и билатерален договор за репарации.Ken'ichi Goto, Paul H. Kratoska, Tensions of empire: Japan and Southeast Asia in the colonial and postcolonial world, NUS Press, 2003, p.260 Посебен договор, Договор од Тајпеј, формално познат како Кинеско-јапонски мировен договор, бил потпишан во Тајпеј на 28 април 1952 година, помеѓу Јапонија и Република Кина, само неколку часа пред да стапи на сила Договорот од Сан Франциско.

Судбината на Тајван и другите јапонски прекуморски територии мини|Јошида и членовите на јапонската делегација го потпишуваат Договорот. Меѓу државите присутни на Мировната конференција во Сан Франциско имало консензус дека, иако правниот статус на островот Тајван е привремено неутврден, тој ќе биде решен подоцна во согласност со принципите на мирно решавање на спорови и самоопределување, идеи кои биле вградени во Повелбата на ОН.

Според потпишаниот документ, Јапонија официјално се откажува од договорните права кои произлегуваат од Боксерскиот протокол од 1901 година и нејзините права на Кореја, Формоза (Тајван) и Пескадори, Хонгконг (тогаш британска колонија), Курилските острови, островите Спретли, Антарктик и Јужен Сахалин.

Според член 3 од договорот, Бонинските Острови, Вулканските Острови (вклучувајќи ја и Иво Џима ) и Островите Рјукју во чиј склоп е Окинава и архипелазите Амами, Мијако и Јаејама, се доверуваат на управување на ОН. Овој член не бил спроведен. Островите Амами на 25 декември 1953 година биле приклучени кон Јапонија, а Бонинските и Вулканските Острови ѝ биле вратени на Јапонија на 5 април 1968 година.Agreement between Japan and the United States of America Concerning Nanpo Shoto and Other Islands, 5 April 1968 По американско-јапонските преговори, во 1972 година островите Рјукјуи и соседните Острови Сенкаку ѝ биле вратени на Јапонија.Agreement between Japan and the United States of America Concerning the Ryukyu Islands and the Daito Islands, 17 June 1971 Народна Република Кина и Република Кина тврдат дека овој договор не го одредува крајниот суверенитет на островите Сенкаку.

Договорот од Тајпеј помеѓу Јапонија и Република Кина наведува дека сите жители од Тајван и Пескадори се сметаат за државјани на Република Кина. Сепак, овој договор нема формулација која вели дека Јапонија признава дека територијалниот суверенитет на Тајван е префрлен на Република Кина.

Поврзано

Каирска декларација (1943) Капитулација на Јапонија (сеп. 1945) Крај на Втората светска војна во Азија Потсдамска декларација (јули 1945) Договор од Тајпеј (1952)

Наводи

Надворешни врски

Договор за мир со Јапонија потпишан во Сан Франциско на 8 септември 1951 година Договор за решавање на спорови кои произлегуваат според член 15(а) од Договорот за мир со Јапонија Говорот на премиерот Шигеру Јошида на Мировната конференција во Сан Франциско Говорот на Џон Фостер Далс на Мировната конференција во Сан Франциско Разбирање на распоредот на Формоза и Пескадорите на мировниот договор од Сан Франциско Заедничко коминике на Владата на Јапонија и Владата на Народна Република Кина 1972 година Чихиро Хосоја, „Патот до Сан Франциско: Обликувањето на американската политика на јапонскиот мировен договор“ Јапонскиот весник за американски студии 1 (1981) стр. 87-117

Категорија:Мировни договори на Обединетото Кралство Категорија:Договори на Турција Категорија:Мировни договори на Холандија Категорија:Договори на Луксембург Категорија:Договори на Белгија Категорија:Мировни договори на Норвешка Категорија:Мировни договори на Јапонија Категорија:Мировни договори на САД Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Мировни договори од Втората светска војна Категорија:Мировни договори од Студената војна