десно|мини|200x200пкс| Зад непчените лакови се гледаат зголемени непчени крајници Непчен крајник () — парен лимфоидно-епителен орган кој се наоѓа на страничниот ѕид на фарингеалното (голтничкото) стеснување во т.н. крајничка јама. Составен е од голем број лимфни јазолчиња кои се прекриени со епител. Најизразен е во периодот од четвртата до шеснаесеттата година од животот, а после тоа постепено атрофира. Има облик на бадем и многу променливи димензии, бидејќи крајниците често се зголемуваат при воспалителни процеси од различна етиологија.

Надворешната страна на крајниците е покриена со фарингеалниот субмукозен слој и се потпира на страничниот ѕид на орофаринксот, односно на букал-фарингеалниот дел на мускулот на горниот констриктор на голтнкот. Внатрешната страна е свртена кон луменот на фаринксот и може да се види кога устата е широко отворена. Таа е нерамна, т.е. покриена со крајнички јамички.

Артериите на непчените крајници потекнуваат од асцендентните непчени, јазичните, асцендентните фарингеални и мали непчени артерии. Вените се влеваат во фарингеалните вени, птеригоидниот сплет и надворешната непчена вена. Гранките на јазично-фарингеалниот нерв, јазичниот нерв и малите непчлени нерви учествуваат во ревитализацијата на крајниците.

Оперативната постапка со која целосно се отстрануваат непчените крајници се нарекува тонзилектомија, додека нивното делумно отстранување се нарекува тонзилотомија.

Поврзано Крајници Голтничен крајник Јазичен крајник Тубен крајник

Наводи

Категорија:Лимфен систем