десно|мини| Голтничен крајник Голтничен крајник () кој се нарекува и трет крајник, фарингеален крајник или аденоид — лимфоидно-епителен орган кој се наоѓа на горниот ѕид на носниот дел на голтникот. Најголемите димензии ги достигнува околу петтата или шестата година, а потоа постепено се намалува и целосно исчезнува околу 25-тата година. Кога е целосно развиен, има овална форма.
Фарингеалниот крајник е составен од голем број лимфни јазолчиња. Површината му е нерамна бидејќи е испресечена од т.н. крајнички јамички и крипти.
Во случај на патолошки промени, како што е зголемувањето на овој крајник, тој може да предизвика отежнато дишење или да влијае на развојот на носната шуплина, синусите, горната и долната вилица и евентуално градниот кош. Исто така, може да предизвика инфекции што може да се пренесат на дишните органи и средното уво преку Евстахиевата туба.
Поврзано Крајници Непчен крајник Јазичен крајник Тубен крајник
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лимфен систем