250px|мини Патријарх Кирил (, световно име Константин Марков Константинов, ; 3 јануари 1901 година – 7 март 1971 година) — првиот патријарх на обновената Бугарска патријаршија.

Животопис Роден во Софија, Бугарија во семејство со влашко потекло, тој го зел своето монашко име Кирил во црквата Света Недела на 30 декември 1923 година и станал митрополит пловдивски во 1938 година.

На 10 мај 1953 година Кирил е избран за патријарх на Бугарската православна црква, кој функција ја извршува до својата смрт.

Кирил е погребан во главната црква на Бачковскиот манастир, на 89 километри од Софија.

Историската улога на Кирил во бугарскиот народен отпор кон холокаустот е раскажана во ораториумот „Меланхолична убавина“, компониран од Георги Андреев со либрето на Скот Кернс и Арје Финклештајн, првпат изведен во јуни 2011 година во Вашингтон. Текстот го опишува „Митрополитот Кирил“ во 1943 година, како се соочува со властите кои требало да ги депортираат бугарските Евреи. Кирил прво се обврзува да оди со нив во знак на солидарност, а потоа им кажува на стражарите дека ќе го блокира возот со своето тело. Стражарите одговараат дека штотуку добиле нова наредба да ги ослободат Евреите.

Категорија:Бугарски патријарси Категорија:Починати во 1971 година Категорија:Родени во 1901 година Категорија:Власи