Црвена () — река во Населичко, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Реката извира на планината Црвена Гора северозападно од врвот Буртани (Нераида, 1.621 м). Има исто име како планината. Тече на север, по што свртува на северозапад во високопланинска котлина. Излегува од планината јужно од врвот Цуцуљанос (893 м), свртува на запад и ја прима левата притока Кангелија, а потоа десната Сачишка Река. Тука го носи името Алки. По десетина километри свртува на југозапад, ја прима левата притока Транос Лакос и под името Кондолакија се влева во Бистрица јужно од мостот Јаковос, 4 км југозападно од Сачишта.
Често за главна река се смета Сачишка, а Црвена за нејзина притока.
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Горуша (општина)