Град или Граматиковска Река () — река во Егејска Македонија, притока на Островското Езеро.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Реката се образува во северозападниот дел на планината Каракамен во Негушко од мноштво потоци кои извираат северно под врвот Ликоскала. Тече првично на север, а кога ќе мине западно од воденското село Горно Граматиково свртува на запад јужно под црвот Варџар (1.096 м) и излегува од планината кај Долно Граматиково. Проаѓа низ селото (од кое го добива другото име) и тече на југозапад. Во месноста Карагача во Кајларско свртува на запад и минува низ клисура меѓу возвишенијата Курбан на север (835 м) и Град на југ, на кое е сместена истоимената тврдина Град. Во клисурата реката ја прима големата лева притока Стримнитка и тука на неа има два стари моста — Гелин мост под Град и подолниот Сандре-мост. Откако ќе излезе од клисурата северно од Катраница (Пирги) реката завива на северозапад и по мала клисура пролом се влева во Островското Езеро северно од леринското село Уклемеш.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Негуш Категорија:Воден Категорија:Еордеја Категорија:Суровичево