Град (, Γκραντ) — средновековна тврдина на планината Каракамен над селото Катраница во Кајларско, Егејска Македонија.

Опис Тврдината е сместена на рид североисточно од Катраница. Во северното подножје тече истоимената река Град (Граматиковска Река) во клисура меѓу Град на југ и Курбан (835 м) на север. Има две кули кои чуваат тесен премин од Вија Егнација до Еордеја и служел како збег за жителите. Втората крепосна линија се утврдувањата кај Крмишта, а третата кај Учини. Зафаќа површина од 50 хектари.

Соск Истакнатиот македонски археолог Томо Томоски ја поистоветува оваа тврдина со средновековниот град Соск.

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Еордеја