Литиум хидроксид — неорганско соединение со формула LiOH. Може да постои во безводен или хидриран облик, и обете се бели хигроскопни цврсти супстанции. Растворливи се во вода и мошне лесно растворливи во етанол. Иако се смета за силна база, литиум хидроксидот е најслабиот алклалнометален хидроксид познат за науката.
Добивање Вообичаената суровина за добиање на литиум хидроксид е минералот сподумен, чија литиумска содржина се изразува во постоток на литиум оксид.
Со литиум карбонат Во индустријата, литиум хидроксидот често се добива од литиум карбонат во реакција на размена (метатеза) со калциум хидроксид:
Првично добиениот хидрат се дехидрира со загревање во вакуум на 180 °C.
Со литиум сулфат Друг начин на добивање е со посредство на литиум сулфат: α-сподумен → β-сподумен β-сподумен + CaO → + ...
Главни нуспроизводи се гипс и натриум сулфат, кои имаат ивесна пазарна вредност.
Commercial setting Според „Блумберг“, „Ганфенг Литиум“ (GFL). GFL и „Албемарл“ биле најголемите производители на литиум хидроксид во 2020 г. со околу 25 килотони годишно проследени од „Ливент“ (FMC) и SQM. Капацитетите во поново време се зголемуваат поради сè поголемата употреба на електрични возила.
Погонот на „Албермарл“ во Кемертон, Западна Австралија бил првично предвиден да произведува 100 килотони годишно, но потоа е намален на 50 килотони.
Во 2020 г. погоните на „Тјенќи Литиум“ во Квинана, Западна Австралија биле најголем производител, со капациет од 48 килотони годишно.
Примена Литиумскојонски акумулатори Литиум хидроксидот највеќе се троши во производството на катодни материјали за литиумскојонски акумулатори како литиум кобалт оксидот () и литиум железо фосфатот. Се претпочита наместо литиум карбонат како претходник за литиумско-никелско-манганско-кобалтни оксиди.
Мазиво Популарен згуснувач на литиумска маст е литиум 12-хидроксистеаратот, од кој се добиваат општонаменски мазива поради неговата голема водоотпорност и корисност на најразлични температури.
Испирање на јаглерод диоксид Литиум хидроксидот се користи во прочиститувачите на дишен гас за вселенски летала, подморници и кружечки нуркачки дишалки со цел остранување на јаглерод диоксидот од издишаниот гас произведувајќи литиум карбонат и вода:
или
Второспоменатиот, безводен хидроксид, се претпочита заради помалата маса и помалото производство на вода во дишните системи на вселенските летала. Еден грам безводен литиум хидроксид отстранува 450 см3 јаглерод диоксид во гасен облик. Монохидратот ја ослободува неговата вода на 100–110 °C.
Претходник Литиум хидроксидот, заедно со литиум карбонатот, се клучни меѓупроизводи во добивањето на други литиумски соединенија, како што може да се види од неговата примена во добивањето на литиум флуорид:
Други примени Супстанцијата се користи и во изработкат ана керамика и некои видови портландски цемент каде се користи како сузбивач на алкално-силициумдиоксидната реакција (бетонски рак).
Литиум хидроксидот (изотопно збогатен во литиум-7) се користи за алкализација на реакторските разладувачи во водопритисочни реактори со цел да се спречи корозија.Managing Critical Isotopes: Stewardship of Lithium-7 Is Needed to Ensure a Stable Supply, GAO-13-716 // U.S. Government Accountability Office, 19 September 2013; pdf Исто така е обар штитник од зрачење од слободни неутрони.
Наводи
Надворешни врски
(безводен) (монохидратен)
Категорија:Соединенија на литиумот Категорија:Хидроксиди