Калиум цијанид — соединение со формулата KCN. Оваа безбојна кристална сол, по изглед слична на шеќерот, е многу растворлива во вода. Повеќето KCN се користи во ископувањето на злато, во органски синтези и за галванизација. Помалите употреби вклучуваат при хемиско обложување и печење на накит.Andreas Rubo, Raf Kellens, Jay Reddy, Joshua Wooten, Wolfgang Hasenpusch "Alkali Metal Cyanides" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry 2006 Wiley-VCH, Weinheim, Germany.

Калиум цијанидот е многу токсичен. Влажната цврста сол од KCN испушта мали количини на цијановодород поради хидролиза, што може да мириса на горчлив бадем. Сепак, не секој може да намириса цијанид; способноста да се направи тоа е генетска одлика.

Вкусот на калиум цијанид е опишан како остар и горчлив, со чувство на печење слично на лугата.

Производство

KCN се произведува со третирање на цијановодород со воден раствор на калиум хидроксид, проследено со испарување на растворот во вакуум:Pradyot Patnaik. Handbook of Inorganic Chemicals. McGraw-Hill, 2002,

Годишно се произведуваат околу 50.000 тони калиум цијанид.

Историско производство Пред 1900 година и пронаоѓањето на Кастнеровиот процес, калиум цијанидот бил најважниот извор на цијаниди од алкални метали. Во овој историски процес, калиум цијанидот бил произведен со распаѓање на калиум фероцијанид:

Структура Во воден раствор, KCN дисоцира на хидрирани јони на калиум(K+) и цијанидни јони (CN−). Вообичаената форма на цврст KCN, стабилна на амбиентален притисок и температура, ја има истата кубна кристална структура како и натриум хлоридот, при што секој јон на калиум е опкружен со шест јони на цијанид, и обратно. И покрај тоа што јоните на цијанид се двоатомски, а со тоа и помалку симетрични од хлоридот, тие ротираат толку брзо што нивната форма во просек за време е сферична. При ниска температура и висок притисок, оваа слободна ротација е попречена, што резултира со помалку симетрична кристална структура со цијанидни јони распоредени во листови Crystallography Open Database, Structure of KCN.

Aпликација KCN и натриум цијанид (NaCN) широко користени во органската синтеза за подготовка на нитрили и карбоксилни киселини, особено во реакцијата на von Richter. Исто така, наоѓа употреба за синтеза на хидантоини, кои можат да бидат корисни синтетички посредници, кога реагираат со карбонилно соединение како што е алдехид или кетон во присуство на амониум карбонат.

KCN се користи како фотографски фиксатор во процесот на колодиум на влажна плоча.J. Towler, MD. "The Silver Sunbeam (Facsimile 1864 edition, 1969)" pg 119 KCN го раствора среброто онаму каде што не станало нерастворливо од развивачот. Ова ја открива и стабилизира сликата, што ја прави повеќе нечувствителна на светлина. Модерните фотографи со влажна плоча можеби претпочитаат помалку токсични фиксатори, често избирајќи натриум тиосулфат, но KCN сè уште се користи

Калиум злато цијанид

Во ископувањето злато, KCN формира сол растворлива во вода калиум злато цијанид (или злато калиум цијанид) и калиум хидроксид од метално злато во присуство на кислород (обично од околниот воздух) и вода: 4 Au + 8 KCN + O2 + 2 H2O → 4 K[Au(CN)2] + 4 KOH

Сличен процес користи NaCN за производство на натриум злато цијанид (NaAu(CN2)).

Токсичност

Калиум цијанидот е моќен инхибитор на клеточното дишење, делувајќи на митохондријалната цитохром c оксидаза, па оттука ја блокира оксидативната фосфорилација. Потоа се јавува млечна ацидоза како последица на анаеробен метаболизам. Првично, акутното труење со цијанид предизвикува црвен или румен тен кај жртвата бидејќи ткивата не се во можност да го користат кислородот во крвта. Ефектите на калиум цијанид и натриум цијанид се идентични, а симптомите на труење обично се јавуваат во рок од неколку минути по внесувањето на супстанцијата: лицето ја губи свеста и на крајот следи мозочна смрт. Во овој период жртвата може да претрпи конвулзии. Смртта е предизвикана од церебрална хипоксија. Очекуваната доза на LD100 (човечка) за калиум цијанид е 200–300 mg додека средната смртоносна доза LD50 се проценува на 140 mg.John Harris Trestrail III. Criminal Poisoning - Investigational Guide for Law Enforcement, Toxicologists, Forensic Scientists, and Attorneys (2nd edition). p. 119

Луѓето кои умреле со самоубиство или биле убиени користејќи калиум цијанид се: Виктор Мајер, германски хемичар од 19 век, умрел со самоубиство во 1897 година откако земал цијанид Густав Вид, дански романописец, поет и драматург, во 1914 година Притилата Вадедар, индиски револуционерен националист, земал цијанид во 1932 година за да избегне фаќање од британската полиција Бадал Гупта, револуционер од Бенгал, кој започнал напад врз Зградата на писателите во Калкута, конзумирал цијанид во 1930 година веднаш по нападот Волас Каротерс, полимерен хемичар кој умрел со самоубиство во 1937 година, откако со години се борел со депресија Високи личности во нацистичка Германија, како Ервин Ромел, долгогодишната придружничка на Хитлер, Ева Браун, Џозеф Гебелс, Хајнрих Химлер и Херман Геринг Алан Тјуринг, компјутерски научник кој починал од труење со цијанид во 1954 г Рамон Сампедро, шпански тетраплегичар и активист чие потпомогнато самоубиство во 1998 година предизвика национална дебата за евтаназијата, и беше тема на филмот награден со Оскар „The Sea Inside“ Роналд Кларк О'Брајан, оптичар од Тексас кој го уби својот син со врзување на пикси стап со калиум цијанид во 1974 година Храмот на народот, секташкото самоубиство од 1978 година во (Џонстаун), Гвајана MЧленови на LTTE вклучени во атентатот на индискиот премиер Раџив Ганди во 1991 година Џејсон Алтом, перспективен дипломиран студент во лабораторијата на нобеловецот Е.Џ. Кори на Харвард, почина откако испил калиум цијанид во 1998 година. Слободан Праљак, воен генерал во Република Хрватска, почина со самоубиство пиејќи од шишенце со калиум цијанид за време на читањето на неговата жалбена пресуда во Хаг за Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) на 29 ноември 2017 година.

Професионалните ентомолози го користат како средство за убивање при собирање во тегли, бидејќи инсектите за неколку секунди подлегнуваат на испарувањата од HCN што ги испушта, со што се минимизира штетата дури и на многу кревките примероци.

KCN може најефикасно да се детоксицира со водород пероксид или со раствор од натриум хипохлорит. Таквите раствори треба да се чуваат алкални секогаш кога е можно за да се елиминира можноста за создавање на цијановодород: KCN + H2O2 → KOCN + H2O

Наводи

Надворешни врски International Chemical Safety Card 0671 Hydrogen cyanide and cyanides (CICAD 61) National Pollutant Inventory - Cyanide compounds fact sheet NIOSH Pocket Guide to Chemical Hazards CSST (Canada) NIST Standard Reference Database Institut national de recherche et de sécurité (1997). "Cyanure de sodium. Cyanure de potassium". Fiche toxicologique n° 111, Paris:INRS, 6pp.

Категорија:Цијаниди Категорија:Фотографски хемикалии Категорија:Соединенија на калиумот