Цезиум јодид (хемиска формула CsI) — јонско соединение на цезиум и јод. Често се користи како влезен фосфор кај цевката за засилување на сликата на Х-зраците што се наоѓа во флуороскопската опрема. Фотокатодите на цезиум јодид се многу ефикасни при екстремни ултравиолетови бранови должини.
Синтеза и структура
Кристалите на цезиум јодид имаат кубична кристална структура CsCl, но типот на структурата на нанометарски тенки CsI филмови зависи од материјалот на подлогата - тоа е CsCl за микашист и NaCl за LiF, NaBr и NaCl супстрати.
Атомските синџири на цезиум јодид може да се растат во јаглеродни наноцевки со двојни ѕидови. Во таквите синџири I атомите изгледаат посветли од атомите Cs во електронските микрографии и покрај тоа што имаат помала маса. Оваа разлика беше објаснета со разликата на полнежот помеѓу атомите на Cs (позитивни), внатрешните ѕидови на наноцевките (негативни) и атомите I (негативни). Како резултат на тоа, атомите на Cs се привлекуваат кон ѕидовите и вибрираат посилно од атомите I, кои се истуркани кон оската на наноцевката.
Употреба Важна примена на кристалите на цезиум јодид, кои се сцинтилатори, е електромагнетната калориметрија во експерименталната физика на честички. Чистиот CsI е брзо и густо сцинтилирачки материјал со релативно мал принос на светлина што значително се зголемува со ладење. Покажува две главни компоненти на емисија: една во блискиот ултравиолетовиот регион на бранова должина од 310 nm и една на 460 nm. Недостатоците на CsI се високиот температурен градиент и малата хигроскопност.
Цезиум јодид се користи како разделувач на зрак во инфрацрвените спектрометри so Фурјеова трансформација (FTIR). Има поширок опсег на пренос од почестo користените разделувачи на зраци направени од калиум бромид, со работен опсег во далечната инфрацрвена зона. Сепак, CsI кристалите со оптички квалитет се многу меки и тешко се расцепуваат или полираат. Тие, исто така, треба да се обложат (обично со германиум) и да се складираат во десикатор, за да се минимизира интеракцијата со атмосферските водени пареи.
Во прилог на влезните фосфори од засилувачот на сликата, цезиум јодидот често се користи и во медицината како сцинтилирачки материјал во рамните панелни рендгенски детектори.
Наводи
Цитирани извори
Надворешни врски
Категорија:Соединенија на цезиумот Категорија:Јодиди Категорија:Метални халиди