Двострана облека ― облека што може да биде носена на два начина, кои се разликуваат со вртење на облеката „внатре кон надвор“. Сепак, не постои вистинска „внатре кон надвор“ за двострана облека, бидејќи во секој случај, таа дава современ изглед. Облеките кои вообичаено се прават двострани се шешири, јакни, прслуци, џемпери, кошули и маици, панталони и здолништа.
Двостраните облеки имаат некои одлики за разлика од другите видови облека, како што се подебела целокупна ткаенина (бидејќи две ткаенини често се шијат заедно), копчиња од двете страни (во облеката што имаат копчиња), различни видови шевови и без ознаки.
Некои древни овчари имале двострани облеки, со топла страна што ја носеле кога времето ило студено и студена кога времето било топло. За време на Втората светска војна, италијанската војска создала ефикасна двострана јакна за нивната пешадија, наречена брз двостран елек за подобра камуфлажа.
Наводи
Надворешни врски
Информации за патент и начин на изработка на двострана облека Категорија:Облека