Железо(III) сулфат (или „железен сулфат“), е група на неоргански соединенија со формула Fe2(SO 4)3(H2O)n. Познати се различни хидрати, вклучувајќи ја и најчесто сретнуваната форма на „железен сулфат“. Растворите се користат при боење како мордант и како коагулант за индустриски отпад. Растворите на железен сулфат се користат и при преработка на алуминиум и челик.Ferric sulfate. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. Retrieved November, 2007.
Видообразба Различните кристални форми на Fe2(SO4)3(H2O)n се добро дефинирани, често со кристалографија со Х-зраци . Природата на водените раствори е често помалку сигурна, но често се прерпоставуваат акуо-хидроксо комплекси како што е [Fe(H2O)6]3+ и [Fe(H2O)5(OH)]2+. Без разлика, сите такви цврсти материи и раствори имаат железни јони, секој со пет неспарени електрони. Врз основа на оваа d5 електронска конфигурација, овие јони се парамагнетни и се слаби хромофори.
Производство Растворите на железо сулфат обично се создаваат од отпадоци од железо. Вистинскиот идентитет на видот на железо е често нејасен, но многу апликации не бараат материјали со висока чистота. Се произведува во големи размери со третирање на сулфурна киселина, топол раствор на железо(II) сулфат и оксидирачки агенс. Типични оксидирачки агенси вклучуваат хлор, азотна киселина и водороден пероксид.Iron compounds. Encyclopædia Britannica Article. Retrieved November, 2007 2 FeSO4 + H2SO4 + H2O2 → Fe2(SO4)3 + 2 H2O
Природни појави Железо сулфатите се јавуваат како различни ретки (комерцијално неважни) минерали. Mikasaite, мешан железо-алуминиум сулфат со хемиска формула (Fe3+, Al3+)2(SO4)3Mikasaite е името на минералошката форма на железо(III) сулфат. Хидратите се почести, со кокимбит (ненахидрат) како веројатно најчестиот меѓу нив. Паракокимбит е другиот природен нонахидрат кој ретко се среќава. Корнелит (хептахидрат) и квенстедтит (декахидрат) ретко се наоѓаат. Лаузенит (хекса- или пентахидрат) е сомнителен вид. Сите споменати природни хидрати се нестабилни поврзани со атмосферските влијанија (аеробна оксидација) на примарните минерали кои содржат Fe (главно пирит и марказит)
Поврзано Железо(II) сулфат или железо сулфат Амониум железо(II) сулфат Амониум железо(III) сулфат
Наводи
Надворешни врски Material Safety Data Sheet
Категорија:Соединенија на железото Категорија:Сулфати