Context / Контекст е меѓународно списание на Институтот за македонска литература во Скопје.

Историјат

Context/Контекст е меѓународно научно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања. Во него се објавуваат рецензирани и типологизирани прилози на англиски и на македонски јазик. Списанието се објавува од 1995 година, а својот сегашен профил на меѓународно списание и со овој наслов го оформи во осмиот број во 2010 година (претходните седум броја беа печатени под насловот Книжевен контекст). На страниците на Context/Контекст се презентираат студии од домашни и странски автори посветени на проблемските подрачја на современите хуманистички дисциплини, со акцент врз нивното што посестрано испреплетување и комбинирање и мултиплицираното поврзување со социо-општествениот и културен контекст.https://iml.edu.mk/context-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82/

Контекст е меѓународно списание и објавува прилози на англиски и на македонски јазик. Сите текстови се рецензираат. Ракописите и редакциската преписка се упатуваат на следната адреса:

Институт за македонска литература ул."Григор Прличев" бр.5,п. фах 455 1000 Скопје Република Северна Македонија [email protected]

Уредувачки одбор

Меѓународен уредувачки одбор на Context / Контекст:

главен и одговорен уредник, д-р Соња Стојменска-Елзесер (Македонија)

д-р Лидеке Плате (Холандија)

д-р Звонко Танески (Словачка)

д-р Маруша Пушник (Словенија)

д-р Златко Крамариќ (Хрватска)

м-р Ема Лакинска, секретар (Македонија)

Наводи

Категорија:Македонски списанија