Темјаника — стара питома сорта на винова лоза (грозје). Има посебен вкус и мирис (кој се чувствува на неколку метра оддалеченост кога е зрело), па оттука и името. Почнува да созрева во средината на септември, а на зрелите зрна им пука кожата. Целиот вкус и мирис може да се почувствуваат само кога овошјето е целосно зрело и ќе ја достигне својата целосна сладина, што е некаде во средината на октомври. Плодот е со темновиолетова боја, зрната се речиси правилни топчиња со големина 10-15 мм, а понекогаш и до 20 мм.

Од ова грозје се прави истоименото вино. Од плодот на темјаниката на пазарот најмногу се достапни бели вина, но малку е познато дека има и црна темјаника.

Потекло на поимот Името го добило според темјан, заради јакиот мирис на зрелото грозје кое се чувствува на неколку метри оддалеченост.

Виногорје Се одгледува во Македонија, Србија и Бугарија.

Според Правилникот за реонизација на лозарските подрачја во Македонија темјаника е препорачана сорта во Тиквешкото и во Велешкото виногорје.

Вина Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја, елегантен и сензуален мирис. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.

Консумирање Се препорачува консумација на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и aзиска кујна. Ова вино одлично се комбинира и со суви колачи и овошни пити.

Поврзано Совињон блан Ризлинг

Наводи

Категорија:Грозје Категорија:Вина Категорија:Македонско вино