Бариум хлорид — неорганско соединение сохемиска формула . Таа е една од најчестите соли на бариум растворливи во вода. Како и повеќето други соли на бариум растворливи во вода, тој е бел прав, многу токсичен и дава жолто-зелена боја на пламен. Исто така е хигроскопен, претворајќи се во дихидрат , кои се безбојни кристали со горчлив солен вкус. Има ограничена употреба во лабораторијата и индустријата.

Подготовка OНа индустриско ниво, бариум хлоридот се подготвува преку двостепен процес од барит (бариум сулфат). Првиот чекор бара високи температури.

Вториот чекор бара реакција помеѓу бариум сулфид и хлороводород:

ли помеѓу бариум сулфид и калциум хлорид:

На местото на HCl, може да се користи хлор. Од смесата со вода се извлекува бариум хлорид. Од водни раствори на бариум хлорид, неговиот дихидрат() може да се кристализира како безбојни кристали.

Бариум хлоридот во принцип може да се подготви со реакција помеѓу бариум хидроксид или бариум карбонат со хидроген хлорид. Овие основни соли реагираат со хлороводородна киселина и даваат хидриран бариум хлорид.

Структура и својства кристализира во две форми (полиморфи). Едната форма има структура на кубен флуорит () а другата структура на ортохомбична котунит (). И двата полиморфи ја прифаќаат предноста на големиот он за координативни броеви поголеми од шест.Wells, A. F. (1984) Structural Inorganic Chemistry, Oxford: Clarendon Press. . Координацијата на е 8 во флуоритната структура и 9 во структурата на котунит. Кога од конунитската структура е подложен на притисоци од 7–10 GPa, тој се трансформира во трета структура, моноклинична пост-котунитна фаза. Координативниот број на се зголемува од 9 на 10.

Во воден раствор behaves as a simple salt; се однесува како едноставна сол и растворот покажува неутрална pH вредност. Неговите раствори реагираат со сулфат јон за да се добие густ бел талог од бариум сулфат.

Оксалат има слична реакција:

Кога се меша со натриум хидроксид, се добива бариум хидроксид, кој е умерено растворлив во вода.

е стабилен во воздухот на собна температура, но губи една вода на кристализација над 55 °C (131 °F), станува, и станува безводен над 121 °C (250 °F). may be formed by shaking the dihydrate with methanol.

може да се формира со протресување на дихидратот со метанол.

Употреба Иако е евтин, бариум хлоридот наоѓа ограничена примена во лабораторијата и индустријата. Се користи и за правење црвени пигменти како што се Lithol red и Red Lake C. Неговата токсичност ја ограничува неговата применливост.

Токсичност Бариум хлоридот, заедно со другите соли на бариум растворливи во вода, е многу токсичен.The Merck Index, 7th edition, Merck & Co., Rahway, New Jersey, 1960. и иритира очите и кожата, предизвикувајќи црвенило и болка. Ги оштетува бубрезите. Фаталната доза на бариум хлорид за човек е пријавена дека е околу 0,8-0,9 g. Системските ефекти на акутната токсичност на бариум хлорид вклучуваат абдоминална болка, дијареа, гадење, повраќање, срцева аритмија, мускулна парализа и смрт. јоните се натпреваруваат со јоните на предизвикувајќи мускулните влакна да бидат електрично невозбудливи, а со тоа предизвикува слабост и парализа на телото. Натриум сулфат и магнезиум сулфат се потенцијални противотрови бидејќи формираат бариум сулфат BaSO4, кој е релативно нетоксичен поради неговата нерастворливост во вода.

Бариум хлоридот не е класифициран како човечки канцероген.

Наводи

Надворешни врски International Chemical Safety Card 0614. (anhydrous) International Chemical Safety Card 0615. (dihydrate) Barium chloride's use in industry. ChemSub Online: Barium chloride .

Категорија:Хлориди Категорија:Соединенија на бариумот Категорија:Неоргански соединенија