Куќа на Гоговци () — куќа во градот Лерин, Егејска Македонија, прогласена за споменик на културата.
Куќата се наоѓа во градскиот центар (Варошот). Сместена е на улица „Тагматархис Фуледакис“ бр. 2, на раскрсницата со булеварот „Елевтерија“. Предницата гледа во Сакулева Река. Изградена е на почетокот на XX век. Нејзин сопственик бил Атанас Гогов. Архитектурата е успешен спој од неокласични и еклектични елементи.
Во 1996 г. куќата е прогласена за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Куќи во Лерин Категорија:Споменици на културата во Лерин