Гергис (), познат и како Гергит (старогрчки: Γέργιθος, Гергитос; латински: Gergitus) или Гергита (Γέργιθα) или Гергитес (Γέργιθες), а подоцна и Керге, ― поранешен град во античка Тројада, на север од реката Скамандер. Било населено, според Херодот, со потомци на митските Тевкријанци. Херодот исто така запишува дека го поминала персиската војска на Ксеркс I на пат кон Абидос во 480 г. п.н.е. Во времето на Ксенофонт, Гергис се нарекува силно место; имал акропола и силни ѕидини и бил еден од главните градови на дарданската принцеза Манија.Плутарх, Phoc. 18; Кралот Атал од Пергам ги преселил жителите на Гергис на место во близина на изворите на Кајкус, од каде потоа наоѓаме место наречено Гергета или Гергитион, во близина на Фриконска Лариса, на територијата на Киме. Некои верувале дека стариот град Гергис бил родното место на Сибила, од каде што на монетите пронајдени таму е втиснат ликот на пророчицата.
Кефалион (Κεφαλίων) или Кефалон (Κεφάλων) од Гергис бил ретор и историчар за време на владеењето на Адријан. Тој го напуштил својот град поради непријателство со неговите владетели и отишол во Сицилија. Напишал многу дела на јонско грчки јазик.Suda, kappa, 1449
Наоѓалиштето се наоѓа во близина на Каринкали, азиска Турција.
Наводи
Категорија:Места во старогрчката митологија Категорија:Старогрчки археолошки наоѓалишта во Турција Категорија:Историја на Чанаккале (покраина) Категорија:Поранешни населени места во Турција Категорија:Населени места во античка Тројада