„Сахара“ (англиски: Sahara) — филм на режисерот Золтан Корда од 1943 година. Автори на сценариото се режисерот, Џон Хауард Лосон (John Howard Lawson) и Џејмс О'Хенлон (James O'Hanlon), а главните улоги ги играат: Хамфри Богарт (Humphrey Bogart), Брус Бенет (Bruce Bennett), Џ. Керол Неиш (J. Carrol Naish) и Ден Дјуреа (Dan Duryea). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категориите: најдобар спореден глумец (Неиш), најдобра црно-бела фотографија (Рудолф Мате) и најдобар звук (Џон Ливадари).Filmovi Humphreya Bogarta: Sahara, američki film (пристапено на 13.3.2023)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Либиската пустина, во 1942 година. Група американски војници се отсечени со нивниот тенк, додека нивната војска се повлекува за време на Битката кај Ел Аламеин. Додека ја минуваат пустината, тие со себе земаат и група сојузнички војници кои, исто така, заостанале зад своите едници. Војниците остануваат без гориво, храна и вода, па се обидуваат да дојдат до едно утврдување во пустината, но таму се упатува и една голема германска воена единица...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови од 1943 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Либија Категорија:Филмови на Золтан Корда Категорија:Филмови со Брус Бенет Категорија:Филмови со Хемфри Богарт Категорија:Филмови со Џ. Керол Неиш Категорија:Филмови засновани на романи