мини| Шише Бианчело дел Метауро Бианчело дел Метауро е вино со контролирано потекло направено во провинцијата Пезаро и Урбино, во регионот Марке, Италија.

Географија Регионот лежи на источниот брег на Италија, блиску до Пезаро и ги опфаќа градовите Фано и Сенигалија . Винскиот регион целосно се наоѓа во два поголеми области: Коли Песареси и Фалерио деи Коли Асколани и го дели својот јужен дел и со Лакрима ди Моро Алба.

Винскиот регион се состои од ридови кои се протегаат од запад кон исток покрај реката Метауро, во северниот дел на Марке. Почвата е претежно песочна глина.Joseph Batianich & David Lynch Vino Italiano: The Regional Wines of Italy" pg 417 Clarkson Potter Publishers

Историја Според легендата, римската војска ги победила картагинските сили предводени од братот на Ханибал, Хасдрубал, поради големата употреба на вино Бианчело пред големата битката.

Вино Бианчело дел Метауро е уникатен бидејќи е направен речиси целосно од грозје Бианчело (исто така познато како Бианкело или Бианкучио). Бианчело мора да се состои од најмалку 95% од смесата.

Наводи

Категорија:Пезаро и Урбино