Аватар: Патот на водата () — американски епски научнофантастичен филм од 2022 г., во режија на Џејмс Камерон и пуштен од „Twentieth Century Studios". Тоа е втор филм од серијата „Аватар" на Камерон, по „Аватар" (2009). Членовите на глумечката екипа Сем Вортингтон, Зои Салдана, Стивен Ланг, Џовани Рибизи, Џоел Дејвид Мур, Дилип Рао, Си Си Ејч Паундер и Мет Џералд ги повторуваат своите улоги од изворниот филм, додека Сигорни Вивер се враќа во друга улога. Новите улоги ги вклучуваат Клиф Кертис, Иди Фалко, Џемејн Клемент и Кејт Винслет.

Наводи

Категорија:Аватар Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски 3D-филмови