мини| Карлучио, Гарат Лејн, Ерлсфилд, Лондон Карлучио е италијански ланец ресторани основан во Лондон во 1999 година.

Во 1991 година, Антонио Карлучио и неговата тогашна сопруга отвориле продавница за италијанска храна, наречена Карлучио.

Во 1999 година, првото кафуле Карлучио било отворено во Маркет Плејс, Лондон. Синџирот се проширил, првично низ југоисточна Англија, а потоа и низ Обединетото Кралство. Во 2005 година, Кралучио бил наведен на пазарот за алтернативни инвестиции како ПЛЦ. Во 2010 година компанијата добила понуда за преземање од Ландмарк Груп, претпријатие со седиште во Дубаи, проценувајќи го Карлучио на 90 милиони фунти. Трансакцијата била одобрена од акционерите и завршена во октомври 2010 година.

На 20 март 2020 година, по насоките од Владата на Обединетото Кралство за справување со пандемијата КОВИД-19, Карлучио, заедно со сите други барови и ресторани во земјата привремено ги затвориле своите продавници. На 22 мај 2020 година било објавено дека Бопаран ресторан груп го презел брендот на Карлучио и презел 30 од 71 продажни места, а останатите биле затворени.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Економија на Англија