Варош или Марков Град — најстарата населба во Општина Прилеп, која преку пат на конурбација е споено со градот Прилеп, така што денес претставува негова населба.
Географија и местоположба мини|лево|Црквите „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Димитрија“ во 30-те години на XX век 150п|мини|лево|Фреска на Архангел Михаил од црквата „Св. Никола“ во Варош
Населбата се наоѓа северозападно од центарот на Прилеп. Се наоѓа на периферијата на Прилеп, во подножјето на Марковите Кули, на надморска височина од 680-700m.
Историја
Стопанство
Демографија Населението во Варош е во постојан пораст. Според некои податоци во 1900 г. во Варош живеат 1380 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Варош се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 210 куќи.
Од пописите од 1981 и 1991 се гледа дека во Варош живееле 3175, односно 3274 жители. Според последниот попис од 2002 година, населбата Варош брои 3458 жители, од кои:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Македонци 3436 Роми 7 Власи 1 Срби 11 останати 3
Општествени установи Во Варош се наоѓа подрачното училиште „Блаже Конески“ во кое се изведува настава од 1 до 5 одделение.
Администрација и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1443, 1444 и 1445 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.286 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Според едно предание, во Варош некогаш постоеле 77 цркви.
Денес во Варош сочувани се шест цркви и тоа: Варошкиот Манастир со црквата „Св. Архангел Михаил“, „Св. Никола“, „Св. Богородица Пречиста“, „Св. Атанасиј“, „Св. Петар“ и „Св. Димитриј“.
Археолошки наоѓалишта Бревчина — населба од римското време; Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Варвара — средновековна црква; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Петар — осамен наод од римското време; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Слон — населба од бронзеното време; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; и Роклејца — доцноантичка населба.
Редовни настани Голем Петок (првиот петок после Велигден) се смета како Варошка слава и се одржува голем панашѓур под Варошкиот манастир.
Личности Алекса Попов (1809 - 1912) - православен свештеник, македонски национален и просветен деец, учител на Марко Цепенков Ѓорче Петров (1865 - 1921) - македонски револуционер, еден од раководителите на ВМРО Кирил Јанчулев (1896 - 1961) - началник на генералниот штаб на бугарската армија во Втората светска војна Мице Козар (1910 - 1942) - македонски борец, учесник во НОБ, еден од повлијателните припадници во работничкото движење во Македонија помеѓу двете светски војни Спасија Мирева Беличанец (1923 - ) — учесник во НОВ на Македонија Орде Чопела (1912 - 1942) - народен херој на Македонија од Втората светска војна Стева Богоевска (1927- ) — учесник во НОВ на Македонија Милица Велеска (1925- ) — учесник во НОВ на Македонија Василка Велеска (1913- ) — учесник во НОВ на Македонија Борка Велески (1912 - 1942) — револуционер и народен херој на Македонија Илка Дупјачанска (1892-) — учесник во НОВ на Македонија Цветанка Конева Зајкоска (1918-) — учесник во НОВ на Македонија Нада Костова Здравеска (1924-) — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Стари слики од Варош
Категорија:Населби и маала во Прилеп