Егзон Бејтулаи (; роден на 7 јануари 1994 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра за ФК Шкендија и фудбалската репрезентација на Македонија како одбранбен играч.

Кариера Клупска кариера Егзон Бејтулаи својата кариера ја започнал во младинците на Тетекс од Тетово. Службемптп деби за екипата го имал во 2011 година. За време на својот престој во екипата во периодот од 2011 до 2013 година настапил на 52 натпревари и постигнал 9 голови. Во 2013 година преминал во тимот на Шкендија од Тетово. За тимот настапил во периодот од 2013 до 2019 година и забележал 165 настапи, постигнувајќи 7 голови. Во 2020 година преминал во екипата на Хелсингборгс од Шведска, каде не забележал настап, по што истата година се вратил во екипата на Шкендија.

Меѓународна кариера Бејтулаи е од албанска народност. Бејтулаи бил редовен во репрезентацијата на Македонија до 21 година и настапил на Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година 2017 во Полска, каде што бил прв избор на десен бек.

Во мај 2016 и март 2017 година, тој исто така добил повици за Македонија на пријателските натпревари против Азербејџан, Иран и Белорусија, но дебитирал дури на 6 септември 2018 година за време на првото коло од Лигата на нации Д на УЕФА 2018/19, кога влегол во игра против Гибралтар во 85. минута.

За време на воведниот натпревар на Македонија на турнирот против Австрија, веднаш откако напаѓачот Марко Арнаутовиќ (кој е половина Србин) постигнал гол, Арнаутовиќ налутено извикувал кон Бејтулаи и соиграчот Езѓан Алиоски – и двајцата од албанска народност – што се верувало дека се антиалбански навреди. Фудбалската федерација на Македонија со соопштение ја повикала УЕФА да дејствува.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери од Тетово Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Македонски иселеници спортисти во Шведска Категорија:Иселеници фудбалери во Шведска Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Играчи на Европското првенство во фудбал 2020 Категорија:Играчи на Првата македонска фудбалска лига Категорија:Играчи на ФК Хелсингборгс Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски Албанци фудбалери