Горна Статица (, Ано Мелас) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и до денес е населено исклучиво со Македонци.

Географија Статица е најсеверното село во општината и лежи на неколку километри северно од Статица, а на околу 30 км северно од градот Костур. Селото Корешта е 15 км на североисток. Сместено е во областа Корешта, во длабока клисура меѓу разграноците на Вич наречени Лисец, Голината и Лунџер. Низ Горна Статица тече реката Бистрица.

Историја По Балканските војни селото е припоено кон Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Горна Статица имало 60 куќи на словени (Македонци) христијани. Сè до 1940 г. Горна Статица било маало на Статица и сите податоци се однесуваат на двете села.

Црквата „Св. Спиридон“ е од XIX век.

Селото доста пострадало во Граѓанската војна (1946 - 1949). Дел од жителите загинале, а доста семејства и малолетни деца се преселиле во НР Македонија и источноевропските земји. Горна статица сепак останува целосно македонска населба.

Население

Наводи

Категорија:Костур (општина)