Нова Костараџа (, Нео Костарази) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 609 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа на 20 км јужно од градот Костур и на 5 км северно од с. Богатско. Лежи на левиот брег на реката Ѓоле, во западното подножје на планината Саракина. На 4 км на запад горе на Саракина се наоѓаат урнатините на старото село Костараџа, од кое останала само црквата „Рождество на пресв. Богородица“.

Историја За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) старото село Костараџа тешко настрадало и неговите жители се расеале по градските центри и рамничарските села. Подоцна ова население е преместено во Нова Костараџа доста пониско.

Во 1997 г. влегло во состав на општината Јон Драгумис, која на 1 јануари 2011 г. е припоена кон општината Рупишта согласно законот „Каликратис“.

Стопанство Селото произведува жито, тутун и грав. На пространите пасишта има доста добиток. Атарот зафаќа површина од 2202 хектари.

Население

Наводи

Категорија:Рупишта