Бисер на Истокот или Ориентална бисерна радио и телевизиска кула () — ТВ-кула во Шангај. Нејзината местоположба на врвот на Луџиазуи во новата област Пудонг покрај реката Хуангпу, спроти Бунд, ја прави посебен белег на подрачјето. Нејзини главни дизајнери беа Џијанг Хуан Чен, Лин Бенлин и Џанг Ксиулин. Изградбата започнала на 30 јули 1991 година, а кулата била завршена на 1 октомври 1994 година и пуштена во употреба на 1 мај 1995 година.

Историја

Планирање На 25 август 1983 година, идејата за изградба на нова ТВ-кула за прв пат била изнесена во емитување со оглед на преоптоварената состојба на постојната ТВ предавателна кула во тоа време. На 17 ноември истата година, во „Шестиот петгодишен план и седмиот петгодишен план за развој на шангајската радио и телевизиска индустрија и визијата за следните десет години“, бил претставен јасен план за изградба на ТВ кула висока приближно 400 метри во подрачјето на Луџиазуи.

На 25 март 1984 година во извештајот на Конгресот официјално е даден предлог за изградба на новата ТВ-кула. Подоцна во 1984 година, предлогот бил одобрен. По повеќекратно истражување, местоположбата била определена помеѓу Луџиазуи и паркот Пудонг, со размислување да се повтори со Бунд од другата страна на реката Хуангпу.

На 23 август 1984 година, Шангајското биро за радио и телевизија официјално даде извештај за избор на местоположба. Во октомври 1986 година, извештајот бил окончан и доставен до Националната комисија за планирање, при што висината на зградата првично била предвидена да биде 450 метри. Во јануари 1987 година, извештајот бил одобрен. Во јануари 1988 година, Шангајското биро за радио и телевизија поднело извештај за изводливост и истиот бил одобрен во јули.

Во мај 1988 година, три врвни институти за проектирање во Кина биле поканети да учествуваат на конкурсот за проект на ТВ-кулата. Во септември 1988 година биле поднесени и оценети вкупно 12 проекти и конечно бил избран проекто „Источен бисер“ од Институтот за архитектонск проектирање на Источна Кина. Со оглед на местоположбата и историската улога на кулата, проектантот избрал да поврзе 15 сфери со различна големина со столбови како главно тело на кулата. Уметничката концепција потекнува од реченицата „големи и мали бисери паѓаат на чинија од жад (大珠小珠落玉盘)“ од песната „Пи Па Ксинг(琵琶行)“ од Баи Јуји, наменета да ја нагласи ориенталната културна атмосфера и уметничкото чувство на Шангај.

Изградба На 30 јули 1991 година, официјално бил поставен камен-темелникот на ТВ-кулата Источен бисер и започнала изградбата.

На 14 декември 1993 година, градбата висока 350 метри (без антената) била завршена. Изградбата траела само 27 месеци, што е 105 дена пред очекуваниот датум. Во 12:12 часот на 1 мај 1994 година, првата челична антена во светот со должина од 110 метри и тежина од 450 тони била успешно поставена на планираното место по 11 дена на нејзино подигање.

На 1 октомври 1994 година било завршено украсувањето на лобито на приземјето. Почнале да работат објектите за разгледување и главниот светлосен систем. Официјално беше завршена изградбата на ТВ-кулата Источен бисер.

20-ти век На 1 мај 1995 година свечено била пресечена лентата на ТВ-кулата Источен бисер и таа била официјално отворена за јавноста. Бил емитуван првиот сигнал и најпрво се давале 5 сета ТВ-програми и 5 комплети FM радија за јавноста.

Во 1995 година, 15 странски претседатели на влади ја посетиле кулата. На крајот на годината, телевизиската кула Источен бисер била оценета како еден од првите десет нови пејзажи во Шангај.

Во 1996 година, уште 35 странски претседатели на влади и 30 групи владини претставници на ниво на министри за надворешни работи ја посетиле кулата.

Во 1999 година, ТВ-кулата Источен бисер го освоила првото место на Шангајската награда за извонредност на дизајнот и наградата за кинеско градежништво Жан Тијанјоу.

21-ви век Во мај 2001 година, изложбената сала за развој на урбаната историја во Шангај била отворена на приземјето на ТВ-кулата Источен бисер.

Во 2004 година, биле извршени промени за заштеда на енергија на светлосниот систем, заменувајќи го стариот извор со светлечки диоди.

Набљудувачници Кулата има петнаесет набљудувачници на разни висини. Највисоката (позната како Вселенски модул) е на 351 метар. Пониските се на 263 метри (Кат за разгледување) и на 90 метри (Вселенски град). Има вртечки ресторан на висина од 267 метри. Проектот содржи и изложбени простори и мал трговски центар. Меѓу двете големи сфери има и хотел со 20 соби наречен Вселенски хотел. Горната платформа за набљудување има надворешна површина со 3,8 см стаклен под.

Галерија

Поврзано Список на највисоките згради во Шангај Список на највисоките самостојни структури во светот Список на највисоките градби во светот Список на кули

Наводи

Надворешни врски

Geographic data related to Oriental Pearl Tower at OpenStreetMap

Категорија:CS1-одржување: архивиран примерок како наслов Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Облакодери во Шангај Категорија:Знаменитости на Шангај Категорија:Згради и градби во Шангај Категорија:Современа кинеска архитектура Категорија:Појавено во 1994 година Категорија:Шангај