Крстовар (познат и како Крствар) — највисок врв на планината Водно, јужно над градот Скопје. Неговата надморска височина изнесува 1.066 метри, а територијално припаѓа на скопската Општина Карпош. Врвот не е пошумен и претставува тревнато-каменит терен. На врвот Крстовар се наоѓаат планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ и Милениумскиот крст, еден од белезите на градот Скопје поставен во 2002 г. Во непосредна на самиот врв се поставени и предаватели за телевизија и мобилна телефонија, а се наоѓаат и воено-полициски објекти, како и извор на вода. Нуди прекрсен панорамски поглед на целиот град Скопје, а кон југ на селата Горно Соње и Долно Соње, како и на планините Караџица и Даутица.
Пристап До врвот се стасува по повеќе доброобележани планинарски патеки меѓу кои најпознати се: Буран-Цветкова, Олимписка, Пензионерска, асфалтиран пат за возила, како и со жичницата „Милениумски крст“ од Средно Водно.
Поврзано Каршијак Скопска Котлина
Галерија
Надворешни врски
Водно: Широки панорамски погледи од Водно — „Македонија вечна“ Врв на Водно (Крстовар) во Скопје на Pinterest
Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Водно Категорија:Општина Карпош