мини|288x288пкс|Несозреани класови на јачмен, пченица и ’рж со нивните осили Осил — тенки остри израстоци, игличка на житните класје, дел од класестите растенија. Осилот (неговото присуство, големина, облик и други одлики) може да послужи како важен дијагностички признак за таксономски цели. Честопати, како поединечен дел од класот се споменува и осилката (како составен дел на осилот).

Опис Кај тревите, осилот обично се протега од лемите на цветчињата. Ова често му дава влакнест изглед на соцветието на тревата. Осилот може да биде долг (неколку сантиметри) или краток, прав или свиен, единечен или повеќекратен по цветче. Некои биолошки родови се именувани според својот осил, како што е родот Aristida. Кај некои видови, осилот може значајно да придонесе во процесот на фотосинтеза, како што е случајот кај јачменот.

Наводи

Категорија:Цвет