Захаринка Милосављевиќ (р. година во Прилеп) — македонска пејачка на народни песни и радио-водителка.
Животопис Захаринка Милосављевиќ е родена во Прилеп во 1943 година. Таа се запишала на музичката школа на отсегот за виолина. Таа своите почетоци на 14-годишна возраст ги имала во Радио Прилеп, потоа како глумица се вработила во Народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Потоа се вработила во Радио Скопје како уредник и водител, кои поминува 40 години, и таму почнала и службено да се занимава со музика како самостојна пејачка, таа има снимано за Радио Скопје 155 песни. Нејзин сопруг е глумецот Ненад Милосављевиќ.
Надворешни врски Профил на Захаринка Милосављевиќ , Музички регистар. Захаринка Милосављевиќ на YouTube.
Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Глумици од Прилеп Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски театарски глумци