Стара Река () — река во Леринско, Егејска Македонија.

Опис Извира на Нередска Планина западно под врвот Голина (1861,6 м). Тече на исток и проаѓа јужно од селото Прекопана, поради што тука го носи името Прекопанска Река (Перикопи Рема). Излегува од Прекопанската Котлина, па свртува на југоисток. Миинува низ клисурата Дервент и излегува во Зеленичката Котлина, каде веќе го носи името Стара Река. Проаѓа јужно од Сребрено, свртува на североисток, па ги прима левите притоки Неор и Црвена Стена, како и десната притока Мешикантица (Леховска Река). Поминува низ Зелениче, каде е наречена Зеленичка Река (Потамос Склитрос), влегува во друга клисура и излиза во котлината Сариѓол. Кај возвишението Себлици (655 м) прави речиси обратен завој се влева во езерото Зазерци од запад.

Во 1969 година реката е преименувана од Стара Река (Στάρα Ρέκα) во Палиорема (Παληόρεμα).

Притоки → лева, ← десна → Неор ← Леховска Река (Лехово) ← Мешикантица → Црвена Стена

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Суровичево