Голема Река () — река во Нигритско, Егејска Македонија.
Течение Реката извира од Богданска Планина источно под врвот Петало под името Сали Милос. Ја прима големата десна притока Раково и тече начелно во источен правец. По влевањето на десната притока Љасколака свртува на северозапад. Излегува од планината кај селото Л’џа, свртува на север и како регулиран канал се влева како десна притока на Струма во месноста Кара Орман.
Притоки → лева, ← десна ← Раково → Дасали Бурун ← Заим ← Ракаро ← Ќурун Бурун ← Клефтолака ← Љасколака ← Аркудолака ← Кара Прнар (од 1968 година Пурнарорема) → Лагатрис ← Крамидолакос (Вагијас Лакос)
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Струма Категорија:Визалтија