„1917“ — филм на режисерот Сем Мендес (Sam Mendes) од 2019 година. Мендес е автор и на сценариото, заедно со Кристи Вилсон-Кернс (Krysty Wilson-Cairns). Главните улоги ги играат: Џорџ Меки (George Mackay), Дин-Чарлс Чепмен (Dean-Charles Chapman), Марк Стронг (Mark Strong), Ендрју Скот (Andrew Scott) и Ричард Маден (Richard Madden). Во 2020 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ во следниве категории: најдобра фотографија (Роџер Дикинс), најдобри визуелни ефекти (Гијом Рошерон, Грег Батлер и Доминик Туи) и најдобро мешање на звукот (Марк Тејлор и Стјуарт Вилсон). Исто така, филмот е добитник на наградата БАФТА во категориите: најдобар режисер, најдобар филм, британски филм на годината, најдобра фотографија, како и добитник на наградата „Златен глобус“ за најдобар игрна филм и за најдобар режисер.HRT, 1917, američko-britansko-indijski film (2019.) (пристапено на 7.5.2023)
Содржина Во филмот се прикажува судбината на двајца британски војници во текот на Првата светска војна. Разводниците Скофилд и Блејк добиваат невозможна задача: мораат да се пробијат низ непријателската линија за да пренесат една порака што може да ги спаси животите на 1 600 нивни соборци, меѓу кои се наоѓа и брат му на Блејк.
Улоги ГлумецУлогаЏорџ Макејразводник Вилијам СкофилдДин-Чарлс Чапманразводник Томас БлејкМарк Стронгкапетан СмитЕндру Скотпоручник ЛезлиРичард Маденпоручник Џозеф БлејкКолин Фертгенерал ЕринморБенедикт Камбербачполковник МакензиКлер ДибиркЛори
Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија: Британски филмови Категорија: Филмови од 2019 година Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови за Првата светска војна Категорија:Филмови на Сем Мендес Категорија:Филмови со Џорџ Меки Категорија:Филмови со Дин-Чарлс Чепмен Категорија:Филмови со Марк Стронг Категорија:Филмови со Ендрју Скот Категорија:Филмови со Ричард Маден