Смиксина Река или Смиксиотико () — река во Гребенско, Егејска Македонија, дел од сливот на Бистрица.
Течение Реката извира на Пинд од езерото Гура на североисток под врвот Василица (2.249 м), на границата меѓу Гребенско во Македонија и Јанинско во Епир. Тече на југоисток, минува низ влашкото село Смикси (по кое е наречена), ја прима десната притока Дамбас и излегува во Меданија Тегу. Тука свртува на североисток и се спушта меѓу врвовите Свети Илија (1.338 м) и Бална (1.404 м), па малку потоа ја прима левата притока Кало Исиома (Пандертијати, Филипјо). Тука навлегува во малата клисура Цурјака или Стомио Аетијас, каде се наоѓа хидроелектраната „Аетија“. Проаѓа на север од селото Туз каде се влева во Дуска Река (Доцикиотико). На ова место е камениот Нидруски мост.
Притоки → лева, ← десна ← Дамбас → Кало Исиома (Пандертиати, Филипјо)
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Гребен (општина)