„Догвил“ (Dogville) — филм на режисерот Ларс фон Триер од 2003 година. Главните улоги ги играат: Никол Кидман, Лорен Бекол, Жан-Марк Бар, Џејмс Кан.РТС, Догвил (пристапено на 15.5.2003)
Синопсис Доцна во ноќта, во близината на едно мало рударско место, Том (го игра Бетани) слуша пукотници, а потоа ја среќава непознатата убава жена, Грејс (ја игра Кидман). Тогаш, во местото пристигаат гангстери кои ја бараат Грејс, но Том ја сокрива при што ја зема визит-картичката на шефот на гангстерите. Том ги убедува жителите да ја кријат Грејс, а за возврат таа ќе им помага во работата. На почетокот, сите ја одбиваат нејзината помош, но постепено ја прифаќаат Грејс и гласаат таа да остане во местото. По некое време, во Догвил пристига полицијата, која нуди награда за Грејс и тогаш жителите бараат таа да работи уште повеќе. За време на прославата на празникот 4 јули, во местото пак доаѓа полиција, а еден од жителите ја користи приликата и ја силува Грејс. Оттогаш, Грејс е подложена на сурово измачување. Во договор со Том, таа се обидува да побегне, но возачот на камионот ја силува, а потоа ја враќа во Догвил. Таму, Том ја обвинува Грејс за кражбата на парите на татко му, по што жителите решаваат да ја врзат со синџири. Најпосле, Том му се јавува на шефот на гангстерите, мислејќи дека ќе добие награда за Грејс. По неколку дена, гангстерите доаѓаат во Догвил и ја затекнуваат Грејс во ужасна состојба, а таа се согласува да се врати кај татко си (шефот на гангстерите). Тогаш, гангстерите ги убиваат сите жители на Догвил и го палат местото, а таа лично го убива Том.
Наводи
Категорија:Дански филмови Категорија:Шведски филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Филмови на Ларс фон Триер Категорија:Филмови со Никол Кидман Категорија:Филмови со Лорен Бекол Категорија:Филмови со Жан-Марк Бар Категорија:Филмови со Џејмс Кан Категорија:Филмови со Бен Газара Категорија:Филмови со Пол Бетани Категорија:Филмови со Стелан Скарсгард Категорија:Филмови со Удо Кир Категорија:Филмови со Патриша Кларксон Категорија:Филмови со Филип Бејкер Хол Категорија:Филмови со Блер Браун Категорија:Филмови со Жељко Иванек Категорија:Филмови со Хариет Андерсон Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД