мини|Полицијата во Сенди Хук мини|18-годишниот Ерик Харис (лево) и 17-годишниот Дилан Клеболд (десно) Пукање во училиште — вооружен напад во образовна установа, како основно училиште, средно училиште, или универзитет, со употреба на огнено оружје. Многу престрелки во училиштата исто така се категоризираат како масовно пукање поради тоа што има повеќе жртви. Феноменот е најраспространет во Соединетите Американски Држави, кои имаат најголем број престрелки поврзани со училиштата, иако престрелки во училиштата се случиле и на други места во светот.

Според студиите, факторите зад пукањето во училиште вклучуваат лесен пристап до огнено оружје, семејна дисфункција, недостаток на семеен надзор и друго. Меѓу највисоките мотиви на напаѓачите биле: малтретирање (75%) и одмазда (61%), додека 54% изјавиле дека имаат повеќе од една причина. Останатите мотиви вклучуваат обид за решавање на проблем (34%), самоубиство или депресија (27%) и барање внимание или признание (24%).

Особено во Соединетите Држави, престрелките во училиштата предизвикале политичка дебата за насилство со оружје, политики на нулта толеранција, права за оружје и контрола на оружјето .

Профилирање Тајната служба на САД ги објавила резултатите од студијата во врска со 37 инциденти со пукање во училиште, во кои биле вклучени 41 лице во САД од декември 1974 година до мај 2000 година. Во претходниот извештај за 18 престрелки во училиштата од страна на Федералното истражно биро (ФБИ), тие објавиле профил кој ги опишал напаѓачите како: припадници на средната класа, осамени т.е. отуѓени, незгодни, белци, машки, кои имале пристап до оружје. Најновиот извештај е против претпоставката дека сторителот може да се идентификува според одреден „тип“ или профил. Резултатите од студијата покажале дека сторителите имаат различно потекло, што го отежнува единствениот профил при идентификување на можниот напаѓач. На пример, некои сторители биле деца на разведени, живееле во згрижувачки домови или потекнувале од обични семејства. Мнозинството од поединците ретко или никогаш немале проблеми на училиште. Некои, како психологот Алан Липман, предупредиле на недостатокот на емпириска валидност на методите за профилирање.

Пол Речиси сите извршители на престрелките во училиштата се родени како машки пол и се идентификувани како мажи во моментот на пукањето.

Возраст Според британскиот психолог Андријан Рејн (2002), незрелоста е еден од многуте идентификувани фактори кои ја зголемуваат веројатноста поединецот да изврши криминални дејствија на насилство и изливи на агресија. Овој факт е поддржан од наодите за развојот на мозокот што се случува кај поединците од раѓање.

Според австралиската мрежа Рејзинг чилдрн и Центарот за адолесцентно здравје (и други извори):, and Accessed February 20, 2018 (1st shown at an earlier date) главната промена што се случува во развојот на мозокот за време на адолесценцијата е (т.н.) синаптичко кастрење на неискористените врски во размислувањето и обработката. Додека ова се случува во мозокот, задржаните врски се зајакнуваат. Синаптичкото кастрење настанува затоа што нервниот систем кај луѓето се развива прво со прекумерно производство на делови од нервниот систем, нервни влакна, неврони и синапси, за подоцна во развојот на нервниот систем да ги направи вишок тие делови, т.е. прави кастрење (или апоптоза, инаку позната како клеточна смрт).Feinberg, Irwin – Why synaptic pruning is important for the developing brain Scientific American Accessed February 15, 2018 Овие промени се случуваат прво во одредени делови од мозокот, предфронталниот кортекс, локацијата на мозокот каде се случува донесувањето одлуки, е крајната област за развој.

Додека се развива предфронталниот кортекс, децата и тинејџерите можеби повеќе се потпираат врз делот од мозокот познат како амигдала, и размислување што е емоционално, вклучувајќи агресија и импулсивност. Како последица на тоа, секој поединец е поверојатно да сака да прави поризични избори и тоа да го прави почесто.Raising children network, in collaboration with, the Centre for Adolescent Health – Brain development: Teenagers Australian parenting website Accessed February 15, 2018

Семејна динамика Една претпоставка за причините за пукање во училиштата доаѓа од „нетрадиционално“ домаќинство, што се фокусира на тоа како структурата на семејството и стабилноста на семејството се поврзани со резултатите на децата. Општо земено, поборниците на оваа хипотеза тврдат дека семејните структури како што се самохраните родители, истополови родители, поширокото семејство или заедничкиот живот се поштетни за развојот на менталната благосостојба на детето, отколку хетеросексуални, родители во брак.

Сепак, овие претпоставки за штетните ефекти на „нетрадиционалните“ семејни структури се покажале како лажни, при што вистинските прашања лежат во социо-економската реалност. Лонгитудиналните истражувања ги покажаа силните, позитивни ефекти на повисоките приходи и повисоките нивоа на образование врз благосостојбата и емоционалниот развој на детето, што се одразува на стабилноста на семејството, а не на семејната структура. Понатаму, поборниците на оваа хипотеза често цитираат семејна статистика за оние кои вршат кривични дела, но изоставуваат споредби со другите популации, вклучително и општата популација.

На пример, истражување од 2009 година, спроведено од страна на Управата за злоупотреба на супстанции и ментално здравје открило дека злоупотребата на супстанции кај децата израснати од самохрани родители е поголема од децата што ги одгледувале двајцата нивни биолошки родители. Сепак, процентот на злоупотреба на супстанции кај децата израснати од самохрани мајки не само што бил неверојатно низок (5,4%), туку и само 1,2% повисок од децата што ги одгледуваат двајцата родители. Според истражувањата нарачани од Националниот институт за злоупотреба на дрога, помеѓу 20 и 30% од тинејџерите користеле односно злоупотребувале недозволени супстанции, што е многу повисока стапка од домаќинствата со самохрани мајки.

Друг пример на лошо цитирана статистика за продолжување на овој наратив може да се најде кај деца кои изгубиле барем еден родител. Во САД, стапката на родителска смрт пред 16-годишна возраст е 8%. Стапката на родителска смрт е непропорционално висока за затворениците (30-50%), но исто така е непропорционално висока за научниците со високи перформанси (26%) и американските претседатели (34%). Професорката на Фондацијата Бејкер на Харвард, д-р Тереза М. Амабиле, вели: „Таквите настани можат да го скршат детето, можат да доведат до многу проблеми, може да доведат до злоупотреба на супстанции, може да доведат до различни форми на емоционална болест. Тие, исто така, можат да доведат до неверојатна издржливост и речиси натчовечки однесувања, навидум, ако луѓето можат да ги преживеат тие искуства недопрени. Не знам дали ние откривме кои се клучните елементи што ја прават разликата за децата.“

Разбирањето дека социо-економските фактори имаат поголеми ефекти врз развојот на детето и емоционалната стабилност, наведе многумина да тврдат дека на домаќинствата со еден родител и на другите нетрадиционални домаќинства треба да им се овозможат еквивалентни стимулации од државата, како што им се овозможува на домаќинствата во брак, и дека фокусирањето на семејството структурата наместо стабилноста на семејството ги попречува напорите да се разбере реалноста на масовните напаѓачи.

Родителски надзор „Студиите покажаа дека во семејствата на прекршителите често постои недостаток на надзор, ниска емоционална блискост и интимност“. Во публикација од 2018 година, д-р Џорџ С. Еверли, Џуниор, од Медицинскиот факултет Џон Хопкинс и Факултетот за јавно здравје Џон Хопкинс Блумберг, наведе акумулација од седум периодични теми кои налагаат да се разгледаат во врска со напаѓачите во училиштата. Еден фактор е тоа што напаѓачите во училиштата имале тенденција да се изолираат и „покажувале опсесивност, што често доведува до детално планирање, но иронично се чинеше дека немаат разбирање за последиците од нивното однесување и на тој начин може да имаат историја на неповолни средби со органите на редот. Критиката во медиумите на минатите напаѓачи било прашањето како може да започне толку многу планирање без да се алармираат родителите или старателите за она што го прават нвните деца. Сепак, ова се покажало како тешко прашање да се одговори.

Податоците од Националниот центар за анализа на насилен криминал и Центрите за контрола и превенција на болести, кои опфаќаат децениски престрелки во училиштата во САД, откриваат дека 68% од напаѓачите набавиле оружје од нивниот дом или од домот на роднина. Од 1999 година, од 145 пукања во училиштата во САД извршени од деца или адолесценти, 80% од употребените пиштоли биле земени од нивните домови или од домот на роднините. Достапноста на огнено оружје има директно влијание врз веројатноста за пукање во училиште. Ова доведе многумина да се запрашаат дали родителите треба да се сметаат за кривично невнимателни за злосторствата на нивните деца поврзани со оружје. До 2018 година, вкупно четворица родители беа осудени затоа што не ги заклучиле пиштолите со кои нивните деца пукале во училиштата во САД.

ФБИ нуди водич за помагање да се идентификуваат потенцијалните училишни напаѓачи.

„Владее со кокошарникот“ „Родителите поставуваат малку или никакви ограничувања на однесувањето на детето и редовно попуштаат на неговите барања. Ученикот инсистира на преголем степен на приватност, а родителите имаат малку информации за неговите активности, училишниот живот, пријателите или другите врски. Родителите изгледаат исплашени од своето дете. Тие може да се плашат дека физички ќе ги нападне ако му се спротивстават или ако го фрустрираат, или можеби не се подготвени да се соочат со емоционален излив, или може да се плашат дека вознемирувањето на детето ќе предизвика емоционална криза. Традиционалните семејни улоги се обратни: на пример, детето се однесува како да е авторитет, додека родителите се однесуваат како да се деца“.

„Без ограничувања или надгледување на ТВ и интернет“ „Родителите не го надгледуваат, ограничуваат или надгледуваат гледањето телевизија на ученикот или неговата употреба на интернет. Ученикот може да има телевизор во својата соба или на друг начин е слободен без никакви ограничувања да поминува онолку време колку што сака гледајќи насилни или на друг начин несоодветни емисии. Ученикот поминува многу време гледајќи телевизија наместо во активности со семејството или пријателите. Слично на тоа, родителите не ја следат употребата на компјутер или пристапот до интернет. Ученикот може да знае многу повеќе за компјутерите отколку родителите, а ученикот е таинствен околу користењето на компјутерот, што може да вклучува играње насилни игри или интернет истражување за насилство, оружје или други вознемирувачки теми“.

Овој последен пасус го вклучува мислењето дека насилните видео игри доведуваат до пукање во училиштата. ФБИ нуди три предупредувања со својот водич: 1) Ниту една особина или одлика не треба да се разгледува изолирано или да ѝ се даде поголема тежина од другите; 2) Еден лош ден може да не ја одразува вистинската личност или вообичаеното однесување на ученикот и 3) Многу од овие особини и однесувања се забележани кај адолесцентите со други, ненасилни, проблеми.

Даниел Шехтер, клинички психијатар, напишал дека за бебето да се развие во проблематичен адолесцент кој потоа станува смртоносно насилен, мора да дојде до спојување на повеќе фактори, што е „комплицирано... како што е формирањето на торнадо на еден прекрасен пролетен ден во Канзас“. Така, се зајакнува прашањето дека напаѓачите во училиштата не мора да потекнуваат од „лоши“ родители. Ништо повеќе од тоа што може да потекнуваат од внимателни, образовани, несовесни, слободни, оженети, навредливи или сакани родители.

Училишно малтретирање