мини|Војводата и војвотката од Сасекс во 2017 година. Војвода од Сасекс ― благородничка титула, една од неколкуте кралски војводства во Благородништвото на Обединетото Кралство. Тоа е наследна титула на посебен ранг на благородништво во британското кралско семејство. Создавана е двапати и го зема своето име од историскиот округ Сасекс во Англија.

Прво создадена во 1801 година, титулата стапила вон функција во 1843 година, но била оживеана кога кралицата Елизабета II му ја доделила на нејзиниот внук принцот Хари на 19 мај 2018 година непосредно пред неговиот брак со Меган Маркл, која потоа станалa војвотката од Сасекс.

Историја Титулата поврзана со Сасекс првпат се појавила со Кралството Сасекс, англосаксонско кралство кое било припоено од Кралството Весекс околу 827 година, кое подоцна станало дел од Кралството Англија. Во повелбите, монарсите во Сасекс понекогаш биле нарекувани елдормени или duces на латински, што значи „војводи“.

Прво создавање, 1801 година Титулата војвода од Сасекс првпат била доделена на 24 ноември 1801 година на принцот Август Фредерик, шестиот син на кралот Џорџ III. Него во исто време го направилен Барон Арклоу и Ерл од Инвернес, исто така во Благородништвото на Обединетото Кралство. Титулата изумрела по смртта на принцот Август Фредерик во 1843 година.

Иако принцот Август Фредерик мал син и ќерка од Лејди Августа Мареј, нивниот брак (наводно сторен во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Вестминстер во 1793 година) бил поништен поради деца вонбрачни според англискиот закон и неспособни да наследат титули од нивниот татко. И двете деца од поништениот брак умреле без деца, што го прави спорно прашањето за нивното наследство.

На 2 мај 1831 година, принцот Август Фредерик се оженил второ (и повторно во спротивност со Законот за кралски бракови од 1772 година) со Лејди Сесилија Гор на Грејт Камберленд Плејс, Лондон. Не како легитимна сопруга на принцот, Лејди Сесилија не можела да биде примена на суд. На 30 март 1840 година, кралицата Викторија ја добила титулата Војвотка од Инвернес сама по себе.

Второ создавање, 2018 година Во 2018 година, војводството Сасекс било пресоздадено и доделено на принцот Хари, внук на кралицата Елизабета II и пра-пра-пра-пра-внук на претходниот војвода, по повод неговата венчавка со Меган Маркл, која со тоа станала првата војвотка од Сасекс.Prince Harry and Ms. Meghan Markle: Announcement of Titles, The Royal Household, 19 May 2018. На 19 мај 2018 година, било објавено дека принцот Хари ќе стане војвода од Сасекс во Англија, со помошни титули на Ерл од Дамбартон во Шкотска и Барон Килкил во Северна Ирска. Во 2019 година бил роден наследник на војводството и другите титули, принцот Арчи од Сасекс.

Војводи од Сасекс

Создавање од 1801 година

| Принц Август ФредерикХановеровци1801–1843 | 100px|Принц Август Фредерик | 27 јануари 1773Бакингемски дом, Лондонсин на Џорџ III и Шарлот Мекленбург-Штрелицка | 4 април 1793Августа Мареј2 деца2 мај 1831Сесилија АндервудБез деца | 21 април 1843Кензингтонска палата, Лондон70 години

Првиот брак на принцот Август со Лејди Августа Мареј, кој родил две деца, бил неважечки според Законот за кралски бракови од 1772 година (тој не побарал одобрение од татко му да се ожени); па, според тоа, сите негови титули изумреле по неговата смрт.

Создавање во 2018 година

| Принц ХариВиндздорци2018–до денесисто така: Ерл од Дамбартон и Барон Килкил (2018) | 100px|Prince Harry | 15 септември 1984Болница „Св. Марија“, Лондонсин на Крал Чарлс III и Принцеза Дајен | 19 мај 2018Меган Маркл2 деца | Тековен

Линија на наследување

|15п Принц Хари, војвода од Сасекс (роден 1984) 15п (1) Принц Арчи од Сасекс (роден 2019)

Поврзано

Ерл од Сасекс

Наводи

Категорија:Војводи од Сасекс Категорија:Принц Хари (војвода од Сасекс) Категорија:Благородни титули создадени во 1801 година Категорија:Благородни титули создадени во 2018 година Категорија:Војводства во Благородништвото на Обединетото Кралство