Иван Андреев Богоров (Карлово, 1818 - Софија, 1 ноември 1892) — енциклопедист и писател кој бил русофил. Бил активен во време на преродбата во Бугарија, и после член на бугарската академија на науки. Богоров активно се борел за руските интереси во Бугарија и за руското влијание врз јазикот, бил против Цариградската Патријаршија. По образование служел како лекар, но се занимава и со индустрија, економија, транспорт и други.
Животопис мини|313x313пкс|Втора инструкција за бугарски јазик, Виена, 1870 г.|лево
Ран живот и образование Иван Богоров бил роден во 1818 година во Карлово во мало семејство. Татко му се викал Андреја Хаџи Василев, а мајка му се викала Дона којашто била сестра на трговецот Иван Гешов, којшто се преселил во Пловдив.
Богоров учел во неговиот роден град, после тоа продолжил во Истанбул за да учи во великото народна школо којшто било најголемото грчко школо во Балканот, таму учел со други револуционери како Георги Раковски, Алеко Богориди и Сава Доброплодни, учел со нив за 19 години (1840 – 43) после тоа учил во Одеса, во училиштето со други како Најден Геров, Ботао Петков и Добри Чинтулов. Следувал хемија во Лајпциг (1845 – 47), после тоа завршил медицина во Париз (1855 – 58). Живеел во Цариград, Пловдив, Букурешт и др. Бил учител во Стара Загора (1844) и Шумен (1852 – 53). Во 1867 учествувал во Словенскиот конгрес во Москва, од таму станал русофил. Извесно време патувал низ Букурешт, Свиштов, Трново, Габрово, Изворник и на крајот се вратил во Стара Загора. Се обидувал да ги убеди народот во Бугарија да учат Руски наместо Грчки.
Публицистичка и лингвистичка дејност Во Стара Загора останал само за една година. Околу тој период го напишал неговиот прв дел од граматика за јазикот во Бугарија, којшто кога се пресели во Букурешт го отпечал под името „Првата бугарска граматика“ (1844 г.). Заминал за Лајпциг, каде што издавал вториот весник од Бугарија „Болгарскиј орел“ (1846 г. – две години после првиот вестник од Бугарија „Љубословие“ на Константин Фотинов). После тоа се вратил во Цариград, каде што за 3 години пишувал во „Цариградски весник“.
Подоцна во Букурешт издавал весник „Народност“ и „Академски речник на Бугарски литературен норм“. Во Цариград соработувал во весникот „Турција“. Во Пловдив издава „Книговиште за прочитание“ и „Селски лекар“. Напишал и „Упатване за бугарски јазик“ и „Чисто-бугарска наковалња за сладкодумство“. Во време на Руско-турската војна тој исто така учествувал како преведувач помеѓу руски-бугарски.
Наводи
Категорија:Родени во 1818 година Категорија:Починати на 1 ноември Категорија:Починати во 1892 година Категорија:Луѓе од Карлово Категорија:Починати во Софија Категорија:Русофили Категорија:Отомански Бугари