Дељадровско-илинденска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избранo селото Дељадровци, како дел од процесот за интеграција на Православната охридска архиепископија. За архијереј е избран епископот Јоаким Дељадровско-илинденски, поранешен епископ на ПОА. Епархијата ги опфаќа границите на општина Илинден. Седиштето на епархијата е во Дељадровскиот манастир.

Епархијата има привремен карактер, чија територија (Дељардовската и дел од Пчињската парохија) е одвоена од Кумановско-осоговската епархија сè до престанокот на функцијата на епископот, по што територијата се враќа во рамките на Кумановско-осоговската епархија.

Наводи