мини|исправено|Телескопот на Олберс во музејот „Фоке“, Бремен Хајнрих Вилхелм Матијас Олберс (; – ) — германски астроном. Пронашол добар метод за пресметувањето на орбитите на кометите, а во 1802 и 1807 г. ги открил вториот и четвртиот астероид — Палада и Веста.
Живот и кариера Олберс е роден во Арберген, Германија, денес дел од градот Бремен. Учел за лекар на Гетингенскиот универзитет (1777–80). Таму учел математика заедно со Абрахам Готхелф Кестнер. Во 1779 г. додека негувал болен колега, го осмислил првиот задоволителен метод за пресметка на орбитите на комети. Откако дипломирал во 1780 г. почнал да се занимава со медицина во Бремен. Вечерите ги поминувал во астрономски набљудувања од горниот кат на куќата, кој го претворил во опсерваторија.
Во 1800 г. Олберс бил меѓу 24-те астрономи поканети да учествуваат во т.н. „небесна полиција“, посветена на наоѓање на нови планети во Сончевиот Систем. На 28 март 1802 г. го открил и именувал астероидот Палада. Пет години подоцна, на 29 март 1807 г. го открил и астероидот Веста, а честа за неговото именување му ја дал на Карл Фридрих Гаус. Бидејќи зборот „астероид“ сè уште не постоел, тогашната литература ги нарекувала овие мали тела „планти“ сами по себе. Предложил дека астероидниот појас во кој се наоѓале овие тела, е остаток од уништена планета. Денес се смета дека плимните ефекти од планетата Јупитер ја пореметиле планетообразбата во астероидниот појас. На 6 март 1815 г. Олберс открил периодична комета, денес наречена по него (13P/Олберс). Олберсовиот парадокс, кој го опишал во 1823 г. (а потоа преработил во 1826 г.), вели дека темнината на вечерното небо се коси со претпоставката за бесконечна и вечна статична вселена.
Во јули 1804 г. младиот Фридрих Бесел му се обратил на Олберс за мислење за неговата раправа за пресметката на орбитите според Халеевата Комета. Олберс го забележал извонредниот квалитет на овој труд и уредил да биде објавен.
Во 1804 г. е избран за член на Кралското друштво во Лондон, а во 1809 г. за странски дописен член на Кралскиот институт на Холандија Во 1822 г. станал странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките, а во 1827 г. и странски член на Кралската шведска академика на науките.
Олберс добил полномоштво од неговите сограѓани да помага во крштевката францускиот владетел Наполеон II на 9 јуни 1811 г. Членувал во законодавниот кор во Париз во 1812–13 г. Починал во Бремен на возраст од 81 година. Се женел двапати, и имал деца, но само еден син го надживеал.
Почести Во чест на Олберс се наречени следниве небесни образби: Периодичната комета 13P/Олберс Астероидот 1002 Олберсија Месечевиот кратер Олберс Албедната образба Олберс на површината на Веста
Дела мини|„Расправа за најлесниот и најзгодниот метод на пресметка на орбитата на една комета“, 1797 г. „Расправа за најлесниот и најзгодниот метод на пресметка на орбитата на една комета“ (Abhandlung über die leichteste und bequemste Methode die Bahn eines Cometen zu berechnen, 1797 г.)
Поврзано Олберсов парадокс
Наводи
Надворешни врски
Олберс, Вилхелм — Хрватска енциклопедија Олберс, Вилхелм на Кругосвет
Категорија:Германски астрономи Категорија:Германски физичари Категорија:Германски лекари Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Откривачи на комети Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Добитници на Лаландовата награда Категорија:Луѓе од Бремен Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките