Монторо (, ; месно: ) — општина во покраината Авелино на регионот Кампанија, јужна Италија. Седиште е гратчето Пјано.
Историја Општината е создадена на 3 декември 2013 г. по одржаниот референдум со кој се споени дотогашните општини Монторо Инфериоре и Монторо Супериоре (Долно и Горно Монторо).Италијански регионален закон бр. 16, 11 ноември 2013 г. Во 2015 г. добил статус на град со претседателски указ потпишан од Серџо Матарела.Монторо стана град со потпис на Матерела
Географија Општината се наоѓа во југозападниот дел на покраината, на границата со покраината Салерно. Се граничи со општините Брачиљано, Калванико, Контрада, Фишано, Форино, Меркато Сан Северино и Солофра.
Поделоци Општината има 15 поделоци: Атерана Банѕано Боро Калијано Кјуза Мишано Пјано Пјаца ди Пандола Претуро Сан Бартоломео Сан Пјетро Сан Феличе Сант'Еустакио Торкјати Фиљоли
Сообраќај Монторо го опслужуваат три железнички станици на линијата Беневенто-Авелино-Салерно: Монторо-Форино (во Пјано), Борго и Монторо Супериоре (меѓу Торкјати и Банцано).
До општината водат два излеза од автопатот RA2 Салерно-Авелино: „Монторо Југ“ (Montoro Sud) кај Пјаца ди Пандола и „Монторо Север“ (Montoro Nord) кај Торкјати.
Личности Агостино Кардамоне (р. 1965) — боксер Џузепе Де Фалко (1908-1955) — политичар Лионело Де Феличе (1916-1989) — филмски режисер
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Монторо Монторо на порталот „Италијански општини“ Монторо на порталот „Цела Италија“
Категорија:Градови во Кампанија Категорија:Општини во Авелино (покраина) Категорија:Држави и територии настанати во 2013 година