мини|десно|300п|Брод во ураганска бура од 12. степен — највисокиот на Бофоровата скала.
Бофорова скала (понекогаш Бофортова скала) — емпириска мерка за брзина на ветрот според неговото дејство на море и на копно.
Историја
Скалата е осмислена во 1805 г. од ирскиот хидрограф (подоцна контраадмирал) Френсис Бофорт или Бофор, офицер на Британската воена морнарица, додека служел на бродот „Вулич“. Скалата која го носи неговото име има долг и сложен развој, засновајќи се на работата на други (вклучувајќи го Даниел Дефо во претходниот век). Службено е усвоена кога Бофорт служел како хидрограф на морнарицата во 1830-тите. За првпат употребена во патувањето на бродот „Бигл“ под водство на капетанот Роберт Фицрој, подоцна основач на првата метеоролошка служба на Британија одговорна за редовни временски прогнози. Во XVIII век поморските офицери редовно го набљудувале времето, но без стандардна скала заклучоците биле мошне субјективни. Бофорт успеал да ја стандардизира оваа скала.
мини|Френсис Бофорт
Првичната скал од 13 степени (0-12) не ја зема предвид брзината на ветрот туку се однесува на неговото дејство врз едрата на фрегата, тогаш главен брод на Британската морнарица, од „едвај доволно за да придвижува“ до „таков што ниедни платнени едра не можат да го издржат“.
Скалата е воведена како стандардна за сите британски бродски дневници кон крајот на 1830-те. Во 1850-тите била усвоена за копнена употреба, каде степените се изразувале во вртежи на анемометарот. Во 1853 г. Бофоровата скала е прифатена за општа употреба на Првата меѓународна метеоролошка конференција во Брисел., reprinted in 2003 by Dover Publications.
Во 1916 г. секој степен од скалата добил опис според поведението на морето наместо на едрата поради сè поретката употреба да едра во поморството. Внесен е и опис за поведението на ветровите на копно. Односот на вртежите со степените на скалата се стандардизирани дури во 1923 г. За сето ова бил заслужен Џорџ Симпсон, директор на Британската метеоролошка служба. Неколку десетлетија подоцна мерките биле малку изменети за да се прилагодат на потребите на метеоролозите. Денес во метеорологијата брзината на ветрот се изразува во километри или милји на час, а во поморството и воздухопловдството се користат јазли; сепак, Бофоровата скала наоѓа повремена употреба во прогнозите за товарни бродови и јавни предупредувања за невреме.
Проширена скала Бофоровата скала е проширена во 1946 г. со додавање на 13. и 17. степен. Меѓутоа, овие степени важат само за посебни случаи како тропски циклони. Денес оваа проширена скала се користи само во Тајван и НР Кина, каде тајфуните се чести. Меѓународниот правилник пропишува само 12 степени и не се занимава со проширената скала.
Брзината на ветрот според Бофоровата скала од 1946 г. се заснова на емпирискиот однос: v = 0,836 B3/2 м/с v = 1,625 B3/2 јазли ()
каде v е еквивалентата брзина на ветар на 10 метри надморска височина, а B е бројот на степенот. На пример, B = 9,5 значи 24,5 м/с, што е еднакво на долната граница на „10 Бофорови“. Според оваа формула, најсилните ветришта во ураганите би биле од 23. степен. Торнадата од F1 на Фуџитината скала и од T2 на TORRO-скалата исто така почнуваат од крајот на 12. степен од Бофоровата скала, но како скали се независни од неа (иако вредностите на TORRO-скалата се засноваат на степенов закон од 3/2 во однос на ветровата брзина на Бофоровата.
Висината на брановите се однесува на условите на отворено море, а не покрај брегот.
Опис на скалата +Бофорова скала Бофоровброј Опис Брзина на ветрот Висина набрановите Дејство на море Дејство на копно Дејство на море(слика) Симбол наметеокарти 0 Мирно < 1 јазол< 2 км/ч < 0,5 м/с 0 м Морето е како стакло Чадот се издига исправено 120п центар|50п 1 Пиркање 1 – 3 јазли2 – 5 км/ч0,5 – 1,5 м/с 0 – 0,3 м Мрешкање со бранчиња, без пенести грбови Правецот на ветерот се забележува од чад, но не на ветроказ 120п центар|50п 2 Лесно ветре 4 – 6 јазли6 – 11 км/ч1,6 – 3,3 м/с 0,3 – 0,6 м Мали бранчиња кои се кратки, но сепак изразени; грбовите имаат стаклест изглед, но не се прекршуваат Ветрот се чувствува на лицето; лисјата шушкаат; ветроказот се движи 120п центар|50п 3 Слаб ветар 7 – 10 јазли12 – 19 км/ч3,4 – 5,5 м/с 0,6 – 1,2 м Големи бранчиња; грбовите почнуваат да се прекршуваат; пена со стаклест изглед; можеби расеани бели гриви Лисјата и малите гранчиња се во постојано движење; лесни знамиња се исправаат 120п центар|50п 4 Умерен ветар 11 – 16 јазли20 – 28 км/ч5,5 – 7,9 м/с 1 – 2 м Мали бранови што се издолжуваат; прилично чести бели гриви Крева прашина и листови хартија; поместува помали гранки 120п центар|50п 5 Свеж ветар 17 – 21 јазли29 – 38 км/ч8 – 10,7 м/с 2 – 3 м Брановите се умерени но изразено долги; се образуваат многу бели гриви; можност за прскање Почнуават да се нишаат мали дрвца и листови; грбави бранчиња во слатки води 120п центар|50п 6 Силнен ветар 22 – 27 јазли39 – 49 км/ч10,8 – 13,8 м/с 3 – 4 м Почнува образување на големи бранови; белите пенливи грбови насекаде се поголеми; веројатно извесно прскање Движење на големи гранки; се слуша свирење во телеграфски жици; чадорите тешко се користат 120п центар|50п 7 Жесток ветар,умерена луња,речиси луња 28 – 33 јазли50 – 61 км/ч13,9 – 17,1 м/с 4 – 5,5 м Морето се насобира; пената налегнува во пруги во правец на ветрот; брановите почнуваат да се расплескуваат Цели дрвја се движат; чекорењето спротив ветрот е потешко 120п центар|50п 8 Луња,свежа луња 34 – 40 јазли62 – 74 км/ч17,2 – 20,7 м/с 5,5 – 7,5 м Умерено високи бранови со поголема должина; рабовите на грбовите се расплескуваат; пената се оддувува во јасно изразени пруги долж ветрот Гранчињата се кршат од дрвјата; општа пречка за патување 120п центар|50п 9 Силна луња 41 – 47 јазли75 – 88 км/ч20,8 – 24,4 м/с 7 – 10 м Високи бранови; густи млазови од пена долж ветрот; морето почнува да се лула; прскањето ја засега видливоста Мало структурно оштетување (паѓаат ќерамиди) 120п центар|50п 10 Бура,Називите „бура“ и „ураган“ на Бофоровата скала се однесуваат само на ветрови јачини, и не мора да значи дека се присутни и други непогоди (на пр. бура со грмотевици или тропски циклон). За да се избегне забуна, предупредувањата за силни ветришта гласат нешто како „ветрови со ураганска сила“.полна луња 48 – 55 јазли89 – 102 км/ч24,5 – 28,4 м/с 9 – 12,5 м Многу високи бранови со долги надвиснати грбови; направената пена во големи груки се оддувува во густи бели млазови во насока на ветрот; сета морска површина е бела на изглед; лулањето ставнува силно; видливоста е попречена Ретка појава на копно; дрвјата се корнат; значителни штети на градбите 120п центар|50п 11 Жестока бура 56 – 63 јазли103 – 117 км/ч28,5 – 32,6 м/с 11,5 – 16 м Исклучително високи бранови; малите до средни бродови долго време може да бидат затскриени зад брановите; морето е прекриено со долги бели траги од пена; рабвите на грбовите насекаде се распрснуваат во пена; видливоста е попречена Многу ретка појава; обично причинува масовни штети 120п 12 Ветар со ураганска сила ≥ 64 јазли≥ 118 км/ч≥ 32,7 м/с ≥ 14 м Воздухот се полни со пена и прсканици; морето е сосема бело со силно пркање; видливоста е многу попречена Пустош 120п центар|50п
Поврзано Подобрена Фуџитина скала Фуџитина скала Сафир–Симпсонова скала TORRO-скала Вонтропски циклон
Наводи
Надворешни врски
Бофоровата скала за јачина на ветрот — Британска метеоролошка служба Филм за скалата на ветрови Бофорова скала — напис со изворната дефиниција Историја на Бофоровата скала
Категорија:Метеоролошки скали Категорија:Ветар Категорија:Ирски пронајдоци