Езерце ― бара и парк односно место за разонода во Пехчево.
Географија и местоположба Барскиот екосистем Езерце, заедно со паркот, се наоѓа на југоисточната страна на гратчето Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Барскиот екосистем Езерце се наоѓа на надморска височина од 1.023 до 1.029 м.
Особини на барата Во ова природно создадено езерце/бара, има посебен жив свет (водни растенија и животни) кои се важен ресурс за биолошката разновидност. Просторот околу езерото е исполнет со природа, разни автохтони видови на растенија, вклучувајќи и дрвја.
Како место за разонода Во февруари 2014 година, започнале градежните активности на паркот. Заедно, тогашниот градоначалник на Општина Пехчево, Игор Поповски и тогашниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, присуствувале на службеното почнување на изградба. Активностите биле вложување од 3.423.905 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието и руралниот развој (АФПРЗ) и Општина Пехчево.
Галерија
Поврзано Градски парк (Пехчево)
Наводи
Надворешни врски Поглед од 360 степени на seeinside.mk
Категорија:Знаменитости во Пехчево Категорија:Паркови во Македонија