Аленка Герлович (17 септември 1919 – 9 декември 2010 година) била словенечка сликарка.Obituary on Radiotelevizija Slovenija| site, 9 December 2010
Герлович била родена во Љубљана во 1919 година. Студирала уметност на Академијата за ликовни уметности во Загреб. За време на Втората светска војна се приклучила на партизаните. Починала во Љубљана во декември 2010 година.Delo site, Umrla je akademska slikarka Alenka Gerlovič (The Painter Alenka Gerlovič Has Died), 10 December 2010
Таа ја добила наградата Левстик во 1968 година за нејзината книга Уметнички часови за деца.
Герлович го посетува Охрид, Струга и Скопје во периодот 1953-1957 година. Во нејзините рани македонски цртежи најчесто е избран мотивот на лица и фигури на жени и деца. Често се посветувала на македонската носија. Академско зацртаниот ликовен принцип на цртежот подоцна го заменила со јасен, конструктивен линиски цртеж и преминала на урбана стилизација и апстракција.
Таа ја добила наградата на Фондацијата Прешерен во 1981 година за нејзините уметнички достигнувања.
Наводи
Надворешни врски Аленка Герлович на Уметничкиот лексикон
Категорија:Словенечки сликари Категорија:Жени-уметници Категорија:Починати во 2010 година Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Добитници на Прешерновата награда