Воденски македонски баталјон — воена единица, формирана на 16 јуни, 1944 година на Кајмакчалан, како посебна македонска партизанска единица од македонски борци од Мегленско и Воденско, од составот на Триесеттиот полк на ЕЛАС. лево|мини|270x270пкс|Партизанки од Егејскиот воденски округ, како дел од Првата егејска ударна бригада. Фотографирано во Кавадарци, 30 септември, 1944 година Седиштето на оваа единица се наоѓало во селото Горно Родево, Мегленско. На 12-13 октомври, 1944 година поради несогласување со КПГ во однос на македонското национално прашање, баталјонот преминал во вардарскиот дел на Македонија. На 18 ноември истата година, во слободна Битола, од македонските баталјони од Воденско, Леринско и Костурско е формирана Првата ударна бригада на Македонците од Грција, позната како Прва егејска ударна бригада.

Наводи

Категорија:Баталјони на НОВМ Категорија:Македонска војска Категорија:Македонија во НОБ