Парадоксален сон - проза на македонскиот писател Митко Маџунков објавена во 2016 година во издание на „Издавачки центар ТРИ“. За книгата Прозата Парадоксален сон е спој од текстови, всушност, тие се исечоци од еден долг сон чии испрекинатости ја симболизираат испрекинатоста на човечката егзистенцијална патека, некохерентноста на човековиот живот полн со загрозености, загуби, чудесии, смрти и почетоци. Има едно карактеристично прашање, поставено од М. Маџунков во фрагментот „Леб“: „Може ли од трошките што паднале под софрата пак да се создаде лебот?“ Може и не може, во зависност од творечката моќ на оној што создава! Примерот на Маџунков е очигледно многу поучен: еден уметник на сонувањето, еден алхемичар на зборот, каков што е тој, може и од трошките да создава, бидејќи ја познава не само магијата на создавањето ами и анатомијата на лебот.
Наводи
Надворешни врски Парадоксален сон
Категорија:Македонска книжевност Категорија:Книги од 2016 година Категорија:Изданија на Три