Скриена камера — роман на македонската писателка Лидија Димковска објавена во 2004 година од издавачката куќа Или-или.

За книгата Скриена камера е првиот роман на Лидија Димковска.

Јунаци на романот „Скриена камера“ се тројца уметници: Лила, писателка од Македонија, Едлира, Албанка која се занимава со фотографија и Џозеф, музичар од Пакистан. Оваа тројка се запознава во Виена, каде што живеат во ист стан како стипендисти. Иако се припадници на различни позиции, од различни националности, тие се зближуваат и наоѓаат меѓусебни сличности. Приказната во романот е раскажана од два агли; првиот наратор е Лела, а вториот наратор е минијатурна камера скриена во нејзиниот ножен палец.

Романот „Скриена камера“ е трогателна приказна за толеранцијата напишана во кадри кои ги доловуваат настаните меѓу љубовта и смртта. Лидија Димковска веродостојно говори за меѓучовечките односи, при што го поттикнува поимот на Другиот соочувајќи го колективното и поединечното.

Изданија на други јазици Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Агора во 2016 година во превод на Урош Пајиќ.

Награди Книгата ја добила наградата на Друштвото на македонските писатели „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2004 година.

Поврзано Награда „Стале Попов“.

Наводи

Надворешни врски Skrivena kamera Skrivena kamera MojaRijeka.hr - Lidija Dimkovska - "Skrivena kamera" - vRIsak Lidija Dimkovska: Skrivena kamera ; Rezervni život Lidija Dimkovska : Skrivena kamera

Категорија:Македонска книжевност Категорија:Македонски романи Категорија:Книги од 2004 година Категорија:Македонски дела од 2004 година Категорија:Дела на Лидија Димковска Категорија:Изданија на Или-или