Сестрата на Зигмунд Фројд — роман на македонскиот писател Гоце Смилевски објавена во 2007 година во издание на издавачката куќа „Дијалог“. Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.
За книгата Во романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ е прикажан односот меѓу главниот лик на романот Адолфина и нејзиниот брат Зигмунд Фројд. Прикажани се нивната блискост во детството, асоцијацијата на Адолфиното дружење со сестрата на Густав Климт во виенската психијатриска болница, нејзините соништа и нивните мисли. Авторот го разгледува прашањето дали Зигмунд Фројд е одговорен за смртта на неговите сестри во концентрационен логор.
Романот го опишува раздобјето кога, по доаѓањето на нацистите во Виена, во 1938 г. Зигмунд добил излезна виза. Благодарение на неговиот углед и познанства, тој добил можност да состави список на оние што ќе ги земе со себе. Решил со себе да ги поведе сопругата, децата со семејствата, сестрата на сопругата, куќната помошничка, личен лекар и куче, но не и некоја од четирите сестри. Четирите сестри ги оставил во Виена. Недолго потоа, додека Фројд ги живеел своите последни денови во Лондон, неговите сестри ќе бидат одведени во концентрациониот логор Терезин и ќе бидат погубени.
Книгата е заснована на вистинска приказна и им дава глас на оние нечујните, тука најмногу на Адолфина Фројд, надарена, чувствителна жена која животот го поминала во сенка, негувајќи ги мајка си и татко си.
Изданија на други јазици
Романот е преведен на преку 30 јазици.
Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.
Во Соединетите Американски Држави „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објавил „Пингвин“ од Њујорк. Романот е објавен и во Франција, Бразил, Италија, Португалија, Турција, Холандија, Шпанија, Унгарија, Германија, Бугарија, Романија, Литванија, Чешка, Словенија, Хрватска, Норвешка, Русија, Босна и Херцеговина, Данска и во други земји.
Награда Во 2010 година , романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ ја добил:
Наградата за литература на Европската унија и а во 2012: Наградата за медитеранска култура
Поврзано Зигмунд Фројд
Наводи
Надворешни врски Сестрата на Зигмунд Фројд Преглед на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ - Кога не успеваш да направиш добро Список на Фројд - осврт на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ - Домагој Петровиќ Анализа на комплексите на Зигмунд во романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ - Душан Милијиќ Гоце Смилевски: Мојот роман е метафора за сите заборавени луѓе од тоа време [видео] Гоце Смилевски, автор на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ - Епохите се рефлектираат една во друга Гоце Смилевски: И дадов живот на заборавената сестра на Фројд Дали Зигмунд Фројд е одговорен за смртта на неговите сестри Рецензии, интервјуа: Научете ја приказната за сестрата на Фројд, Убавината е единствената утеха, Животот во сенка, семејната траума на Фројд
Категорија:Македонска книжевност Категорија:Македонски романи Категорија:Книги од 2007 година Категорија:Дела на Гоце Смилевски Категорија:Изданија на Дијалог