Однадвор () — американска научнофантастична телевизиска серија на ужасите создадена од Џон Грифин. Серијата била премиерно прикажана на Epix на 20 февруари 2022 г. Серијата во целост добила потврдни одѕиви од критичарите. Во април 2022 г., телевизиската серија била обновена за втора сезона, а премиерата била на 23 април 2023 г. Серијата ја има на HBO Max со македонски превод.

Во јуни 2023 г., серијата била обновена за трета сезона, чија премиера била на 22 септември 2024 г. Четвртата сезона била најавена на 21 ноември 2024 г., планирана да излезе во 2026 г. и ќе се состои од 10 епизоди.

Содржина Изгубени во шумата, градот ги фаќа сите оние што немаат среќа да поминат по неговиот пат — излегува дека е невозможно да се напушти ова место. Дење, несвесните жители се обидуваат да изградат привид на нормален живот и да најдат начин да излезат, а ноќе се спасуваат од морничави чудовишта од шумата што доаѓаат да се наситат од крвта на жителите.

Улоги

Главен состав Глумец Улога Опис Харолд Перино Бојд Стивенс шериф на градот и негов фактички градоначалник. Ветеран од војната во Ирак, тој го користи своето воено минато за да одржува ред и безбедност. Татко на Елис; неговата сопруга Еби загинала за време на нивниот престој во градот. Каталина Сандино Морено Табита Метјуз сопруга на Џим, мајка на Џули и Итан. Заедно со семејството паѓа во стапицата на градот. Таа е поврзана со таинствените појави во градот и ја оплакува загубата на својот најмлад син Томас. (Вивијан Крукс ја толкува Табита како дете). Ејон Бејли Џим Метјуз сопруг на Табита (сезони 1–3). Поранешен инженер во забавен парк. Тој е очаен да го заштити своето семејство и е решен да најде начин за бегство. Дејвид Алпеј Џејд Ерера богат развивач на програмска опрема што доаѓа во градот истиот ден со семејството Метјуз. Иако е високо интелигентен, тој е дрзок и често има гледанија за минатото на градот. Елизабет Сондерс Дона Рејнс водачка на Колони хаус, чии жители живеат одвоено од остатокот од градот. Шон Маџамдер Руд Хатри католички свештеник (сезона 1; гостин во сезони 2–3), кој служи како глас на разумот во заедницата. Скот Макорд Виктор Кавано најстариот жител на Колони хаус, кој како дете останал заробен во градот. Ги црта важните настани од минатото. (Ели Арсено го толкува Виктор како дете). Рики Хе Кени Лиу заменик-шериф што живее со своите стари родители. Тајно е вљубен во Кристи Милер. Хлоја ван Ландшут Кристи Милер месната лекарка во градот. Пега Гафури Фатима Хасан свршеница на Елис што живее со него во Колони хаус. Кортеон Мур Елис Стивенс уметник и син на шерифот Бојд. Има затегнати односи со татко му и чека дете со Фатима. Хана Шерами Џули Метјуз ќерка на Табита и Џим. Избира да живее во Колони хаус, подалеку од родителите. Една од тројцата заробени од музичката кутија. Сајмон Вебстер Итан Метјуз најмалиот син на семејството Метјуз. Најлесно се прилагодува во градот, доживувајќи ги настаните како задачи од неговите омилени книги. Ејвери Конрад Сара Мајерс работничка во ресторан што страда од халуцинации што ја принудуваат да убива луѓе. Пол Зино Нејтан Мајерс брат на Сара (сезона 1), кој се грижи за стоката во градот. Елизабет Мој Тиан-Чен Лиу мајка на Кени (сезони 1–3) и сопственичка на ресторанот во градот. Дебора Гровер Тили патничка од автобусот (сезони 2–3), безгрижна постара жена. Анџела Мур Бакта возачка на автобусот (сезона 2—). Келин Ом Мариел Синклер детска медицинска сестра и свршеница на Кристи (сезона 2—). Ел-Џеј Симонс Рандал Киркланд избувлив младич од автобусот (сезона 2—). Нејтан Д. Симонс Елџин Вилијамс младич што има пророчки соништа за градот (сезона 2—). Роберт Џој Хенри Кавано таткото на Виктор (сезона 3). Саманта Браун Дани Акоста полицајка што пристигнува во населбата заедно со Табита и Хенри (сезона 3). Џулија Дојл Софија лик во четвртата сезона.

Епизоди

Тематска песна Преводот на песната на почетокот на секоја епизода на македонски гласи: ♪ ШТО И ДА БИДЕ, НЕКА БИДЕ ♪<poem>Прва строфа: Кога сѐ уште бев момченце Го прашав татко ми: „Што ќе станам?“ „Ќе бидам ли убав, ќе бидам ли богат?“ Ова ми рече:

Рефрен: Што и да биде, нека биде Што и да биде, нека биде Иднината не е наша работа Што и да биде, нека биде Што и да биде, нека биде

Втора строфа: Сега и јас имам деца Го прашуваат својот татко: „Што ќе станам?“ „Ќе бидам ли убав, ќе бидам ли богат?“ А јас нежно им велам:

Рефрен: Што и да биде, нека биде Што и да биде, нека биде Иднината не е наша работа Што и да биде, нека биде Што и да биде, нека биде

Крај: Што и да биде, нека биде</span></poem>

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Американски научнофантастични серии